Алесандра Амбросио во Будва – се забавува на настап на Сека Алексиќ, позира во секси бикини издание
- Детали
- петок, 12 август 2022
Бразилската убавица Алесандра Амбросио се забавуваше на „Црно и златно“ и на „Аспирин“, а толку многу била воодушевена од Сека Алексиќ, што одлучила да остане до крај за да се запознае со неа и да се фотографира. Како една од најпознатите светски модели го поминува времето во Будва?
Светскиот модел Алесандра Амбросио (41) позната по тоа што беше и ангел на Victoria’s Secret годинава одлучи да ја посети Црна Гора.
За време на престојот во Будва убавата манекенка, освен што ги посети плажите на Јадранот, таа решила вистински да го доживее Балканот и присуствуваше на концерт на српската фолкерка Сека Алексиќ.
Алесандра на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од одморот во Будва, а на Стори објави неколку кратки видеа на кои може да се види дека навистина добро се забавувала за време на концертот на Сека Алексиќ, па дури и ја искористила можноста да се фотографира со фолкерката.
На Инстаграм Стори може да се слушне дека Сека го пее нејзиниот најголем хит, „Црно и златно“, а потоа ја пее познатата песна на Здравко Чолиќ „Ти можеш све, ал једно не“.
Извори блиски до манекенката за српските медиуми велат дека Алеснадра била воодушевена од енергијата на Сека и ја споредила со Бразилките.
Најмногу ѝ се допаднала песната „Аспирин“ и останала до крајот на настапот за да се запознаат.
Инаку, Алесандра овојпат во Црна Гора е со нејзината ќерка Ања Луиз Амброзио Мазур која ја доби во врската со бизнисменот Џејми Мазур.
Б. С. Б. | Црнобело