Клон: Серијата која направи да се вљубиме во Ориентот – што прават и како изгледаат нашите омилени Жаде и Лукас денес?
- Детали
- вторник, 09 август 2022
На почетокот од 21 век, бевме маѓепсани од убавината на Бразил и Мароко; од музиката на овие две култури, па до модата, љубовта, животот. И сето тоа преку познатата бразилска серија Клон (O Clone).
Реномираниот композитор Маркус Виана успешно нè пренесе сите нас во мистиката на Мароко, земја со древна култура и богата историја. Преку неговата виолина, како да бевме и ние дел од песокот на Африка и плажите на Јужна Америка.
Не може да постои една љубовна приказна без добро оформени ликови - во овој случај ликовите на Жаде и Лукас, глумени од актерите Џована Антонели (46) и Мурило Бенисио (51).
Во 2001 година, Џована Антонели постана една од најпрепознатливите глумици преку ликот на Жаде, муслиманка која беше поделена измеѓу љубовта и своите религиозни обврски.
Сето тоа беше зачинето со вистински проблеми на главните и споредните ликови како што се зависност од дрога, неверство, банкрот, смрт, и малку понереалната нарација на човечко клонирање.
Влијанието на модерната култура преку ликот на Жаде беше огромно. Ликот ја диктираше (и уште ја диктира) муслиманската улична мода преку впечатливиот накит, прекрасната облека и егзотичната шминка.
Покрај тоа што ликот имаше големо влијание во Бразил и Мароко, привлече и голем број на обожаватели во неколку други земји каде што се емитуваше серијата (вклучително и на Балканот).
За својот придонес во серијата, Џована доби шест награди, од кои едната беше наградата Контиго за најдобар романтичен пар со Мурило.
Како дел од тимот зад Клон, таа се заљуби во актерот Мурило Бенисио (чист пример како уметноста се пресликува во вистинскиот живот).
Тие ја започнаа својата врска во 2002 година и на 24 мај 2005 година, се роди првото дете на Антонели и второто на Мурило, Пјетро. Во ноември истата година, парот се раздели.
По многуте заеднички фотографии кои можат да се најдат на нивните Инстаграм профили, може да се заклучи дека парот е во добри пријателски односи.
И сега, 46 годишната Џована е истата убавица на која се сеќаваме. Покрај тоа што глуми во голем број серии и филмови, Џована е амбасадор на компанијата за накит Романел и бројни компании за продукти за коса и кожа.
Џована моментално глуми во „Колку повеќе живот, толку подобро!“, а Мурило глуми во „Пантанал“.