Ирина Шајк е бикини божица на јахта на Ибица, додека Бредли Купер мака мачи со двојникот криминалец (фото)
- Детали
- петок, 05 август 2022
За Ирина Шајк очигледно периодов важи фразата „сингл и среќна“. Таа ужива на летен одмор со пријателите, додека нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер е хит на социјалните мрежи поради неговиот двојник.
Ирина Шајк и нејзината пријателка, моделот Стела Максвел, уживаат на јахта на шпанскиот остров Ибица.
36-годишната Ирина изгледа неверојатно во бикини, фит и без грам целулит на себе.
Насмеана и релаксирана, таа ужива во својот летен одмор со група на пријатели.
Покрај во костимот за капење со црно-бел дезен, таа беше фотографирана и во неонско бикини.
Додека Ирина одмора, нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер, со кого има ќеркичка, мака мачи со неговиот двојник криминалец.
Тој бил уловен на камера како краде, а по објавата на фотки од снимката, многумина се шегуваат дека полицијата нема зошто да трага по него и дека осомничениот всушност е Бредли Купер.
„Бредли Купер добро ја одигра оваа улога“, е еден од коментарите. Се разбира, станува збор за друга личност, а не за Бредли.
Повеќе фотографии од Ирина на Ибица:
С. С. | Црнобело