Селена Гомез е природна убавица со дечкото на јахта во Италија – никогаш посреќна и порелаксирана
- Детали
- четврток, 04 август 2022
Во црно полутанга монокини Селена Гомез (30) е природна убавица и изгледа дека друштвото на италијанскиот продуцент ѝ годи. Таа е среќна и насмеана како ретко кога... Тој ја држи за рака и ѝ помага да влезе во вода.
Селена Гомез (30) изгледа како да се забавува како ретко кога во црно полутанга монокини, на раскошна јахта во Позитано, Италија со филмскиот продуцент Андреа Лерволино.
Американската пејачка и италијанскиот продуцент се држат за раце додека тој ѝ помага да влезе во океанот, се смеат и изгледаат навистина блиски.
Селена е природна убавица без грам шминка и очигледно ѝ годи друштвото на Андреа, затоа што е постојано насмеана.
Селена и Андреа имаат работено заедно пред 5 години на филмот „Dubious Battle“, а во 2019-та година таа го прослави 27-миот роденден со него на патување во Италија.
Парот беше фотографиран заедно и во Лос Анџелес на јахта на 4-ти јули.
Тие официјално ја немаат потврдено својата врска.
Селена и Андреа на јахта во Италија:
С. С. | Црнобело