Кој е новиот дечко на бившата жена на Илон Маск, со која двапати се женеше и разведуваше?
- Детали
- четврток, 28 јули 2022
По Илон Маск (51), актерката Талула Рајли (36) е во врска со 32-годишниот актер Томас Броди-Сангстер. Во какви односи е сега Талула со некогашниот сопруг и најбогат човек на светот, со кого двапати беше во брак?
Актерката Талула Рајли двапати се мажеше и разведуваше со Илон Маск, но потоа таа продолжи понатаму и пронајде нова љубов.
Со Илон Маск Талула беше од 2010 до 2016 година со прекини. Односно се венчаа во 2010 и се разведоа во 2012, па се венчаа во 2013 и се разведоа уште еднаш во 2016. Парот нема заеднички деца.
Во една пригода за одновото мажење за Илон Маск, таа изјави:
„Мислам дека се венчавме повторно затоа што ни беше чудно да бидеме заедно невенчани, откако претходно бевме венчани. Како од навика – ова е мојот сопруг, ова е мојата сопруга, ох не сме тоа повеќе, зошто да не станеме повторно?“
Таа потоа изјави дека и по разводот се во добри односи, дека тој ѝ е добар пријател и се грижи за неа и дека си делат длабока поврзаност и љубов.
36-годишната актерка сега е во врска со актерот Томас Броди-Сангстер (32).
По работењето заедно на филмскиот серијал „FX's Pistol“, тие почнале да се состануваат и во реалниот живот.
За парот почнаа да кружат гласини од 2021 година кога беа уловени како се држат за раце во Лондон. Потоа, тие се појавија како пар на црвениот тепих на доделување на филмски награди во 2022 година.
Иако не говорат јавно многу за нивната врска, тие се појавуваат често заедно на јавни настани.
Талула во ретка пригода во интервју за „The Times“ проговори за Томас:
„Не бевме свесни дека постои можност и потенцијал за романса до еден миг во кој на двајцата тоа ни дојде на ум. И тоа беше во истиот миг, по големиот број месеци работење заедно во кои бевме само добри пријатели.“
Потоа парот објави заедничка фотографија и на Инстаграм, па беше дел од низа модни шоуа, премиери и што уште не.
На Вимблдон беа фотографирани дури и како се бакнуваат.
Томас е роден 1990 година во Лондон и најпознат е по улогата во филмот „The Maze Runner“, но има и низа други многу успешни појавувања.
Повеќе фотографии од вљубениот пар:
С. С. | Црнобело