Сопругот на Иванка Трамп криел една тајна: „Го молев лекарот да не ѝ каже на жена ми“

„Те молам немој да кажуваш никому – посебно не на мојата сопруга или на нејзиниот татко“ – со овие зборови сопругот на Иванка Трамп, Џеред Кушнер опишува како реагирал кога добил застрашувачка лекарска дијагноза на возраст од само 38 години.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-01.jpg

Сопругот на Иванка Трамп (40), Џеред Кушнер (41) објави книга мемоари, во која меѓу другото пишува и за една тајна што сакал да ја скрие од сопругата и од нејзиниот татко кој тогаш бил претседател на САД.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-02.jpg

Џеред Кушнер ќе објави книга мемоари насловена Breaking History: A White House Memoir, во која зборува за времето додека работел во Белата куќа.

Тој меѓу другото откри дека во 2019-та година на возраст од само 38 години дознал дека боледува од рак на тироидната жлезда.

Како што вели, дијагнозата ја добил сосема случајно, додека бил на патување во Тексас.

„Утрото кога отпатував во Тексас да присуствувам на отворањето на фабриката Louis Vuitton, лекарот на Белата куќа Шон Конли ме повлече во медицинската кабина на авионот и ми рече: ‘Ги добив резултатите од тестовите што ги направивме. Најверојатно имаш канцер и ќе треба веднаш да те оперираме’“ – раскажува Џеред и вели дека го замолил лекарот да не кажува никому за неговата дијагноза.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-03.jpg

„Те молам немој да кажуваш никому – посебно не на мојата сопруга или на нејзиниот татко“ – му рекол Џеред на лекарот.

Сопругот на Иванка, кој во тој период работел како советник на претседателот раскажува како брзо одлучил да закаже операција, притоа водејќи сметка за тоа да загуби што е можно помалку време на работното место и никој да не дознае што се случува со него.

„Ова беше личен проблем и не сакав јавноста да знае за тоа. Кога ќе помислам на тоа време, се сеќавам дека постојано си повторував себеси дека сум оставен во божји раце и во рацете на лекарите и дека што ѝ да се случи е надвор од мојата контрола. На мигови размислував дали ќе ми треба продолжено лекување“ – вели тој.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-06.jpg

Сепак, признава дека кратко по дијагнозата одлучил вестите да ги сподели со сопругата Иванка, како и со двајца од неговите најблиски соработници, но се трудел да ги скрие од таткото на неговата сопруга.

Но, еден ден пред операцијата Трамп го викнал на разговор и му рекол дека знае за неговата здравствена состојба:

„Разбирам дека не сакаш да се дознае. И јас сакам некои работи да ги кријам. Ќе бидеш во ред. Немој да се грижиш за работата. Тука сме“ – му рекол Трамп.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-07.jpg

Инаку, ракот на тироидната жлезда е еден од најретките типови канцер што го напаѓаат човечкото тело. Најчесто се јавува кај луѓето во 30-тите и во 60-тите години, а многу почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите.

soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna-go-molev-lekarot-da-ne-i-kazhe-na-zhena-mi-06.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg