Бакнеж на клупа, држење за раце: Џеј Ло и Бен Афлек на романтичен меден месец во Париз (фото)
- Детали
- вторник, 26 јули 2022
Џеј Ло блеска со впечатливи фустани, но на дел од прошетките е со балетанки и апостолки на нозете за да може да види што повеќе од француската престолнина. Со Бен Афлек на медениот месец повљубени од кога било...
Џенифер Лопез беше фотографирана во син фустан додека излегува од хотелот „Hôtel de Crillon“ во Париз со сопругот Бен Афлек.
53-годишната пејачка овојпат се одлучи за балетанки на нозете, додека Бен (49) беше во кежуал издание со патики на нозете.
Папарацо фотографите постојано го ловат парот за време на медениот месец во Париз, па тие беа фотографирани како се држат за раце, се бакнуваат на клупа итн.
Медениот месец на парот во Париз:
С. С. | Црнобело