Клои Кардашијан чека дете со Тристан Томпсон - плејбојот во 5 наутро со мистериозна жена во Грција
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
Кога велат дека љубовта е слепа можеби се мисли на нешто вакво... Додека Клои возбудено најави дека очекува син со Тристан преку сурогат мајка, тој се забавува на Миконос до раните утрински часови со мистериозна жена. Сепак, некогашниот пар наводно само очекува дете, но не се во врска во моментов.
Тристан Томпсон ужива на одмор на грчкиот остров Миконос, а деновиве беше уловен од папарацо фотографите во друштво на мистериозна жена.
Професионалниот 31-годишен кошаркар го очекува второто дете од сурогат мајка со неговата поранешна девојка Клои Кардашијан (38), но тоа не го спречува да се забавува до раните утрински часови и потоа со држење за раце со мистериозна жена да излезе од клуб на атрактивната туристичка дестинација.
Во кошула со шарен дезен тој се држеше за рака со непозната бринета.
Покрај 4-годишната ќерка Тру, која ја има со Клои, тој има и 5-годишен син од друга врска и 6-месечен син од трета врска.
Клои минатата седмица потврди дека со Тристан очекуваат дете од сурогат мајка и процесот бил започнат од ноември месец минатата година.
Сурогат мајката забременила еден месец пред Клои да дознае дека Тристан очекува дете и со друга жена.
Конфузно, зарем не?
Клои неодамна го прослави својот 38-ми роденден, каде во кусо розово фустанче изгледаше како Барби од реалноста.
Повеќе нови фотки од Клoи:
С. С. | Црнобело