Џеј Ло гола во кревет по венчавката со Бен Афлек во Лас Вегас: „Љубовта е трпелива, некогаш чека и 20 години“ (фото)
„Кога љубовта е вистинска, единственото нешто што е важно во бракот се ветувањето што си го даваме да се љубиме, да се грижиме еден за друг, да се разбираме, да бидеме трпеливи и добри еден кон друг.
Го имавме тоа. И многу повеќе. Најдобрата ноќ од нашите животи. Ѝ се заблагодарувам на капелата што ми дозволи да се пресоблечам во собата за пауза додека Бен се пресоблекуваше во собата за мажи.
Беа во право кога рекоа ’Сè што ти треба е љубов‘. Многу сме благодарни што ја имаме во изобилство, што имаме ново прекрасно семејство од пет неверојатни деца и живот кон кој гледаме со надеж.
Држете се доволно долго и можеби вие ќе го најдете најдобриот миг од вашиот живот во Лас Вегас во 12 и пол наутро, со вашите деца и личноста со која ќе ја поминете вечноста. Љубовта е прекрасно нешто, можеби едно од најдобрите нешта за коишто вреди да чекате.
Со љубов Госпоѓа Џенифер Лин Афлек“.
Следното утро пејачката ја покажа и бурмата со фотка на која позира гола во кревет без грам шминка.
На својот веб-сајт Џеј Ло сподели и видео на кое Бен покажува како изгледале соблекувалните во коишто се подготвиле за венчавката.
Според изворите, Џеј Ло ќе го земе презимето на Бен, но наводно уште немаат добиено сертификат за брак.
Бен и Џеј Ло се запознаа на сетот на Gigli во 2002 година и речиси веднаш почнаа врска. Набрзо потоа и се верија, а веќе во 2003 година планираа да прават венчавка.
Но, само неколку денови пред закажаниот датум тие ја одложија венчавката, а неколку месеци подоцна ѝ ставија крај на врската.
Низ годините, и двајцата имаа спомнато дека вниманието што го добивале од јавноста и постојаното следење на папараците се главните причини за нивната разделба.
Оттогаш и двајцата беа во брак и се разведоа, пред да ја обноват романсата во 2021-ва – речиси 20 години откако ја откажаа првата венчавка.
Спирова С. | Црнобело