Роџер Федерер на одмор во Грција - неговата сопруга Мирка видно ослабена, по долгогодишните критики за изгледот (фото)
- Детали
- петок, 15 јули 2022
Објавени се фотографии од одморот во Грција на Роџер Федерер, а неговите обожаватели не можеа да ја препознаат сопругата Мирка која е видно ослабена. Таа во изминатиот период не сака да биде во фокусот на јавноста, но беше „уловена“ со сопругот и децата во ресторан во Грција.
Иако минатата година уживаа на Јадранското Море во Хрватска, Роџер Федерер и неговото семејство годинава повторно одлучија да одморат на Балканот.
На Твитер се појавија фотографии на кои се гледа дека тој и Мирка, седат во ресторанот Aspro на грчкиот остров Парос, кој е сместен на плажата Амбелас, а забележително е дека слично како и минатата година и годинава тој на себе ја носи истата шапка.
На фотографиите во прв план е тенисерот и една жена облечена во шарен аутфит, додека неговата сопруга Мирка е во заднина, заедно со децата.
Забележително е дека тенисерот повторно ја носи истата шапка што ја носеше и минатата година додека беше на одмор во Хрватска.
https://twitter.com/VocalistLavanya/status/1419618581625643018
Иако на најновите фотографии од Грција Мирка делумно е прикриена и не можеме да ја видиме целосно, забележително е дека и поранешната тенисерка е видно ослабена и непрепознатлива, откако претходно со години наназад таа беше критикувана во таблоидите заради целулитот и спуштениот стомак.
Роџер Федерер во Хрватска 2021
Мирка во последните години се обидува да остане подалеку од очите на јавноста, а позната е по тоа што во минатото воопшто не се грижеше за негативните коментари упатени на нејзина сметка за изгледот на нејзиното тело и целулитот.
Тенискиот ас Роџер Федерер претходно овој месец гостуваше на Вимблдон каде одржа почесен говор.
Тој за медиумите изјави дека во последните 12 години заради повредата на коленото немал можност да учествува на тениските натпревари, но затоа можел целосно да им се посвети на своите деца.
За потсетување, Роџер Федерер (40) и неговата сопруга Мирка имаат 4 деца (2 пара близнаци), а во интервју за медиумите откри дека промената во животниот стил му била добредојдена.
„Навистина можам да речам дека сум мошне среќен што сум дома, понекогаш мене и на моето семејство ни недостасуваат патувањата, и секако, мене ми недостасува спортот, но животот дома е убав.
Распоредот околу тенисот е понекогаш мошне напорен, особено, ако треба сето тоа да го организирате заедно со уште 4 деца. И за нас и за нив беше добро што одморивме од тоа, иако премногу ни недостасуваат патувањата“ – рече тој.
Прочитајте и Таа се откажа од кариерата за тој да успее – Како Федерер ја возвишува неговата сопруга Мирка, која е „оперирана“ од комплекси?
Погледнете уште неколку фотографии од одморот на Федерер во Грција:
Б. С. Б. | Црнобело