Таткото на Илон Маск има две деца со посвоената ќерка што ја чувал од 4 години (и со мајка ѝ има две биолошки деца)

Семејството на Илон Маск е навистина комплицирано – додека Илон има десет деца со неколку жени, неговиот татко (76) има две деца со неговата посвоена ќерка Јана. Тој бил во брак со нејзината мајка речиси две децении и ја одгледал Јана како ќерка, а по разводот со мајка ѝ почнал врска со неа.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-01.jpg

Во неодамнешно интервју за The Sun, таткото на Илон Маск откри дека во 2019 година добил дете со неговата посвоена ќерка.

76-годишниот Ерол Маск и 35-годишната Јана Безуиденаут предизвикаа лавина негативни реакции кога во 2018-та првпат добија машко дете, а сега бизнисменот сподели дека добиле и ќерка.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-06.jpg

Иако Ерол и Јана не се во крвно сродство, бизнисменот сепак беше во брак со мајката на Јана и ја гледаше како ќерка уште од нејзина 4-годишна возраст.

Наводно, Илон Маск бил гневен поради целата ситуација, најмногу бидејќи ја сметал Јана за негова сестра. Но, сега таа е мајка на неговите полубрат и полусестра. 

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-08.jpg

Ерол изјави дека бременоста била непланирана, како и дека повеќе не е во врска со Јана. Причината е нивната возрасна разлика од 41 година.

„Не е практично. Таа има 35 години. Можеби ако живеам долго, некогаш ќе ми се врати“, вели тој за The Sun.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-09.jpg

„Кога помлад маж ќе се венча со помлада жена, на почетокот може да биде убаво, но постои разлика… и таа разлика ќе почне да се покажува“, додава бизнисменот.

Ерол се правда за целата ситуација, велејќи дека „нашата цел на земјата е да се размножуваме“.

Додека Илон Маск веќе е татко на десет деца, Ерол има „само“ седум.

Најпрво, во 1970 година, тој се венча со Маје Маск, со која доби три деца, вклучувајќи го и Илон.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-03.jpg

Тие се разделија во 1979 година, а набрзо потоа Ерол се венча со Хеиде, мајката на Јана. Хеиде била вдовица и покрај Јана имала уште едно дете од починатиот сопруг.

Ерол ја одгледал Јана како ќерка, а со Хеиде имаат и две биолошки деца.

По 18 години, тие се разведоа.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-07.jpg

Во 2017 година се дозна дека Ерол очекува дете со посвоената ќерка Јана и наводно ова предизвикало голем раздор во семејството Маск.

„До денес не им се допаѓа. Мислат дека е малку морничаво бидејќи таа им е сестра. Нивна полу-сестра“, вели Ерол.

Засега Илон се нема огласено за второто дете на татко му и Јана, но има изјавено дека Ерол е „ужасен човек“.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-02.jpg

Во меѓувреме, Ерол истакнува и дека многу жени тврдат дека имале негово дете, но тој бил сигурен дека лажат.

„Има околу шест жени кои тврдат дека нивното дете е и мое. Очигледно, само сакаат да ме искористат.

Но, имаше период во 1980-тите кога секоја вечер излегував со различна жена. Одев на многу состаноци. Па, очекувано е некоја од нив да дојде и да ми рече ’Ова дете е твое‘“.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-05.jpg

Ерол Маск вели и дека најверојатно ќе има и други деца во иднина.

„Ако можам да имам друго дете, би имал. Не гледам причина да немам“.

За потсетување Илон Маск има десет деца од неколку различни жени. Слично како татко му, и милијардерот неодамна ја разбранува јавноста кога се дозна дека добил дете со негова вработена, и тоа во периодот кога го очекуваше второто дете со поранешната девојка Грајмс.

tatkoto-na-ilon-mask-ima-2-deca-so-posvoenata-kjerka-shto-ja-izgledal-od-4-godishna-vozrast-drugite-deca-mislat-deka-e-mornichavo-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg