10 познати парови кои направија скромни (и тајни) венчавки

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик поканиле неколку пријатели на забава, а дури на денот на забавата им кажале дека тоа е всушност нивната венчавка.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-01.jpg

Повеќето славни парови прават раскошни венчавки за кои одвојуваат и по неколку милиони долари.

На нивните свадби присуствуваат стотици гости и следните неколку денови медиумите се преплавени со фотографии од настанот.

Но, не секој сонува за раскошна венчавка.

10 познати парови кои направија скромна венчавка:

Даниел Крег и Рејчел Вајс

Познатите актери се венчаа во 2011 година во Њујорк.

На нивната венчавка имаше само четири гости – двете нивни деца, и двајца блиски пријатели.

Венчавката беше толку интимна, што јавноста не виде ниту една фотографија.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-02.jpg

Ед Ширан и Шери Сиборн

Ед Ширан и неговата избраничка се верија во 2018 година, а следната година се венчаа во тајност.

Во интервју, пејачот откри дека на церемонијата не присуствувал ниту еден гостин, а по венчавката отишле на вечера во ресторан.

Неколку месеци подоцна тие сепак направија мала прослава со најблиските пријатели, но од забавата нема ниту една фотографија.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-03.jpg

Кристен Бел и Дакс Шепард

За венчавката во 2014 година, Кристен Бел и Дакс Шепард потрошиле само 147 долари.

Подоцна сопругот на актерката сподели дека наместо да трошат пари за свадба, им помогнале на некои роднини да си купат куќа.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-04.jpg

Аријана Гранде и Далтон Гомез

Познатата пејачка и нејзиниот избраник се венчаа во 2021 година во домот на Аријана. На прославата присуствуваа 20-тина гости.

Сепак, иако станува збор за мала венчавка, Аријана заблеска во венчаница од Вера Ванг.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-05.jpg

Скарлет Јохансон и Колин Џост

Свадбата на Скарлет Јохансон и Колин Џост беше интимна, а парот го искористи настанот и за добротворна цел.

Тие се венчаа во 2020 година, а новостите за венчавката ги споделија преку добротворна организација со цел што повеќе луѓе да слушнат за неа и да почнат да донираат пари.

10-poznati-parovi-koi-napravija-skromni-i-tajni-venchavki-06.jpg

Уште пет парови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го просл... Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден о...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg