10 познати парови кои направија скромни (и тајни) венчавки
Хилари Даф и Метју Кома
Хилари Даф и нејзиниот сакан се венчаа во 2019-та, во присуство на нивната ќерка, како и најблиските пријатели и членови на семејството.
Интимната церемонија со одржа во нивнот дом во Лос Анџелес.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Познатите актери толку добро ја криеле нивната венчавка, што ни самите гости не знаеле што се случува.
Во 1997 година тие поканиле неколку пријатели на забава која всушност била нивната венчавка.
Кира Најтли и Џејмс Рајтон
Долго пред венчавката, Кира Најтли имаше изјавено дека никогаш не сонувала за гламурозна венчавка.
Па, таа и саканиот се венчаа пред 11 гости во Франција. Потоа направија и мала прослава со 50-тина гости.
Емили Ратајковски и Себастијан
Во 2018 година, Емили Ратајковски ја изненади јавноста кога соопшти дека се венчала со Себастијан.
Супермоделот ги сподели новостите со неколку фотки од венчавката, а наместо венчаница, носеше костим од Зара.
Бијонсе и Џеј Зи
Дури и најмоќната двојка во музичката индустрија одбра интимна свадба.
Тие се венчаа во 2008 година, а прославата ја направија во еден од становите на Џеј Зи. Венчаницата на Бијонсе беше дизајнирана од нејзината мајка.
Спирова С. | Црнобело