Татко ѝ ја малтретирал, продавала облека на улица за да преживее: Како Ријана стана најмладиот милијардер во САД?
- Детали
- среда, 06 јули 2022
Forbes ја прогласи Ријана за најмладиот милијардер во Америка кој сам го стекнал богатството, но патот што го поминала пејачката е сè освен лесен – таа пораснала во мала куќичка што ја делела со 7-члено семејство, била многу сиромашна, татко ѝ ја малтретирал, а подоцна беше истепана и од поранешното момче Крис Браун.
Според Forbes, Ријана се искачи на врвот на листата на најмлади милијардери во Америка кои сами го стекнале богатството.
Богатството на 34-годишната пејачка изнесува 1,4 милијарди долари.
Најпрво Ријана се најде на листата на најбогатите жени во Америка, и тоа на 21-вото место. На оваа листа, Ријана е единствената жена помлада од 40 години.
Потоа од Forbes ја објавија и листата со најмлади милијардери во САД, каде што Ријана се најде на првото место.
Претходната година оваа позиција ѝ припаѓаше на Ким Кардашијан, чие богатство изнесува околу една милијарда долари.
Моментално Ријана е и најбогатата пејачка во светот.
Ријана дефинитивно сама ги има заработено своите пари, и тоа благодарение на музичката кариера, но и брендот за долна облека Savage X Fenty и брендот за козметика Fenty Beauty.
Иако денес Ријана ужива во луксуз за каков можеме само да сонуваме, животот на пејачката е далеку од лесен.
Неколку факти што го докажуваат тоа:
Ријана пораснала со насилен татко кој редовно ги малтретирал неа и мајка ѝ. Тој имал и проблеми со зависност од алкохол и дрога. Тој ја терал и заедно да продаваат облека на улица за да заработат нешто. Но, пејачката вели дека успеала да му прости за сè.
„Го мразев. Но, една блиска пријателка ми рече дека не можам да го мразам татко ми. Дека морам да го сакам бидејќи тој е мојот татко. И, ја послушав, без разлика колку тешко ми беше. Тој ме научи на сè“.
Татко ѝ го напуштил семејството кога пејачката имала 14 години, па таа била принудена да најде работа и да се грижи за двете полусестри, двајцата браќа и едниот полубрат.
„Бидејќи мајка ми беше сама, работеше многу. Речиси никогаш не беше дома. Па, јас морав да се грижам за сите“.
Семејството на Ријана било многу сиромашно и сите осум членови живееле во мала, трoсобна куќа на Барбадос.
Во 2003 година, додека уште била во средно училиште, Ријана направила музичка група со две школски пријателки. Успеале да добијат аудиција со музички продуцент, но продуцентот изразил желба да направи договор само со Ријана, не и нејзините пријателки.
„Беше навистина тешко бидејќи, очигледно, не сакав да ги повредам чувствата на пријателките. Не сакав да ги предадам, но тоа беше реалноста“.