Сара Џесика Паркер (57) со целулит и седа коса на плажа: „Зошто мажите не чувствуваат притисок да изгледаат младо?“

По интервјуто за магазинот InStyle каде што зборува за притисокот што го чувствуваат жените да изгледаат младо, Сара Џесика Паркер (57) гордо ги покажа целулитот, опуштената кожа и седата коса на плажа и уште еднаш ги охрабри жените да стареат природно и да си го сакаат телото. 

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-01.jpg

Сара Џесика Паркер е една од ретките познати жени кои не се срамат од седата коса и промените на телото кои се нормални со годините.

57-годишната актерка одново и одново докажува дека ги прифаќа сите промени што ги носи староста, а неретко изјавува дека воопшто не се грижи за годините.

Деновиве актерката беше забележана на плажа со сопругот Метју Бродерик, уште еднаш покажувајќи дека воопшто не е загрижена за седата коса или целулитот.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-06.jpg

Актерката носеше црн, едноделен костим за капење, а косата на која се гледаат седите влакна ѝ беше собрана во неуредна пунџа.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-08.jpg

Актерката уживаше во сончевиот ден со книга.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-04.jpg

Иако некогаш актерката е критикувана за седата коса и изгледот, секојпат остро возвраќа на критиките истакнувајќи дека стареењето е нормален процес кој сите треба да го прифатат, особено оние во Холивуд.

Пред околу две недели, во интервју за InStyle, Сара повторно прозборе за истата тема, споделувајќи ги нејзините ставови за стареењето.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado05.jpg

Актерката вели дека воопшто не мисли на стареењето и смета дека не е во ред што жените чувствуваат притисок да изгледаат младо целиот живот.

Актерката истакнува дека ова не е фер бидејќи мажите сигурно не се соочуваат со истиот притисок.

„Присилена сум да мислам на стареењето поради мојата професија и бидејќи другите луѓе сакаат да размислувам за тоа. Не сум анксиозна за годините. Но, мислам дека оваа анксиозност е честа појава бидејќи сите се фокусираат на жените и стареењето.

Разочарана сум од фактот што, едноставно, не зборуваме за мажите на тој начин. За мене е бизарно што сите сме отворено сексистички настроени за оваа тема“.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-07.jpg

Сара вели и дека нејзината незаинтересираност за стареењето не значи дека го игнорира фактот дека нејзиниот изглед се менува со текот на годините. Туку, едноставно, не се оптоварува со тоа.

Во интервјуто, актерката истакнува и дека жените не треба да бидат преоптоварени со изгледот бидејќи луѓето кои се најважни во нивниот живот сигурно не обрнуваат внимание на тоа.

„Кога станува збор за луѓето во вашиот живот, без разлика дали се постари или помлади, сигурно не се грижите колку младолико изгледаат. Сигурно нема да им судите ако имаат брчки или седа коса“.

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-02.jpg

sara-dzhesika-parker-57-so-celulit-i-seda-kosa-na-plazha-zoshto-mazhite-ne-chuvstvuvaat-pritisok-da-izgledaat-mlado-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Џесика Симпсон пред развод, откако го надмина алкохолизмот: „Хистерична е и опседната со пластични о... „Сопругот на Џесика, Ерик, постојано кажува колку е тешко да се живее со личност...
Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, ос...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg