Рафаел Надал и сопругата го очекуваат првото дете – Марија не успеа да го скрие трудничкото стомаче на плажа (фото)
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
По 17 години врска и 3 години брак, сопругата на Рафаел Надал, Марија Перељо е бремена. Иако се обидуваа да ја скријат бременоста, сепак се појавија нови фотографии на кои се гледа трудничкиот стомак на сопругата на светски познатиот тенисер.
Светски познатиот тенисер Рафаел Надал наскоро ќе стане татко. Откако претходно се шпекулираше дека неговата сопруга Марија Перељо е бремена, деновиве се појавија фотографии од плажа на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.
Рафаел Надал и Марија Перељо во моментов се на заслужен одмор, а папараците ги уловија додека беа на јахта, па на една од фотографиите може да се види дека Марија носи шарено монокини од кое ѕирка трудничкиот стомак.
Гласините дека долгогодишната партнерка на Рафаел Надал е бремена започнаа уште на почетокот на овој месец, кога таа се појави на финалето од Лигата на Шампионите помеѓу Ливерпул и Мадрид, а носеше комотна облека и маска за лице.