Први фотки од свадбата на Рафаел Надал и Мариа Перељо
- Детали
- недела, 20 октомври 2019
По 14-годишна врска, Рафаел Надал и Мариа Перељо се венчаа во Шпанија, во тврдината која важи за најскап приватен имот во земјата.
Во јануари 2019-та, тениската ѕвезда ја запроси својата долгогодишна девојка, Мариа Перељо - Мари, а сите со нетрпение ја очекуваа раскошната свадба.
Рафаел и Мари се венчаа во Мајорка во тврдината La Fortaleza, која важи за најскапиот приватен имот во Шпанија моментално.
На свадбата присуствуваа многу познати гости, помеѓу кои поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први, Дејвид Ферер со сопругата Марта Торнел, поранешната аргентинска, тениска ѕвезда Хуан Монако, Фелисијано Лопез и останати ѕвезди кои фановите ги поздравуваа по улиците.
Во изминатиот период се шпекулираше дека на листата на гости ќе се најде и Федерер, но тенисерот ги демантираше гласините и изјави дека има други планови за викендов.
Иако свадбата се одвиваше во голема тајност и беа забранети фотографии, сепак папараците успеаја да уловат неколку фотки од парот, а беше откриен и дизајнот на венчаницата на Мари.
Први фотки од свадбата на парот:
М. М. | Црнобело