12 славни дами кои ги заменија штиклите со удобни чевли на настан – зошто да не можете и вие? (фото)
- Детали
- сабота, 18 јуни 2022
Ако Кристен Стјуарт може од штикли да се „симне“ на рамни чевли, Џиџи Хадид да носи тоалета со балетанки, а Кејт Бланшет со римјанки, тогаш веројатно и вие без грижа на совест може да ги замените штиклите со удобни чевли кога ќе ве заболат нозете. Или сепак не сметате така?
Додека некои жени „трпат“ за убавина и гламур и на црвен тепих или важни настани не се појавуваат во ниски чевли, други немаат проблем да ја стават удобноста на прво место и да го прекршат кодексот на облекување.
Помеѓу славните дами има многу кои преферираат удобни, ниски чевли и храбро зачекориле во нив дури и на настани каде се очекува да бидат на висока потпетица.
Па, ако тие можат, зошто да не може и ние понекогаш да ја ставиме удобноста на прво место?