6 загрижувачки работи во бракот на принцот Хари и Меган Маркл
- Детали
- вторник, 07 јуни 2022
Меган Маркл се омажи за принц и на почетокот тоа изгледаше како бајка. Но, каква е реалноста сега? Што сè е знак за црвена тревога во бракот на некогашниот кралски пар?
Меган Маркл се омажи за принц, па се пресели во раскошна вила во Калифорнија и доби две дечиња, сето тоа заедно со борбата во име на љубовта, ни звучеа магично.
Но, каква е реалноста, какви сè проблеми постојат во брачниот однос на Хари и Меган?
Хари се расправа со својот брат Вилијам, благодарение на Меган
Нема ништо добро кога двајца браќа се расправаат, особено поради нивните сопруги, зарем не?
Хари ја стави Меган како приоритет и од 2017 година уште при свршувачката го наруши односот со својот постар брат.
Се венчаа многу брзо
Хари ја знаеше Меган само 16 месеци и одлучи да се венча со неа, за разлика од Вилијам кој ја знаеше Кејт цела деценија.
Меган беше тазе раскината со нејзиното тогашно момче од Торонто, готвачот Кори Витиело.
Парот прескокнуваше прослави на важни празници со кралското семејство и се оттргнуваше од нив
Особено значајна за кралското семејство е традицијата за Божиќ, но Меган наместо со кралицата, одлучи да слави со нејзината мајка.
Хари имаше пропуштено само еден Божиќ со нив и тоа кога беше на воена должност во Авганистан во 2012 година и потоа со Меган.