„Треба да имате до 25 години“ – Критериуми кои мора да ги исполните за да му бидете девојка на Леонардо ди Капиро
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Мора да не драматизирате, не смеете да „писнете“ ниту збор за врската со него, треба да сте во 20-тите години, да изгледате како Мис на светот и да не очекувате дете со него... Леонардо ди Каприо си има „калап“ за девојка – шеговита листа со критериуми.
Леонардо ди Каприо е еден од најголемите заводници во Холивуд и иако има 47 години, тој покрај себе постојно има девојка - супермодел во 20-тите години.
Неговата листа на поранешни партнерки дефинитивно личи на листа на девојка за избор на Мис на свет.
Се има состанувано со низа славни дами од типот на Жизел Бундшен и Блејк Лајвли, а во последните 5 години е во љубовна врска со 23 години помладата Камила Морон.
Шеговита листа на критериуми кои мора да ги исполнуваат девојките на Леондардо ди Каприо:
Мора да се помлади од 25 години
Јавна тајна е дека сите девојки на Леонардо се доста помлади од него.
Исклучок е кога од 2000 до 2005 година се состануваше со жена блиску до неговите години, супермоделот Жизел Бундшен. Тој имал 26, а таа 20 години кога почнале врска.
Мора да се беспрекорни убавици, дури и во природно издание
Неговите девојки секогаш изгледаат неверојатно, сетете се само на Миранда Кер, Нина Агдал и Камила Морон.
Мора да не „драматизираат“
Во едно интервју актерот изјави дека сака девојки кои не прават драми, имаат смисла за хумор и скромност во себе.
Не смее да кажат ниту збор за врската со него пред новинарите
Строго правило кое Лео им го наметнува на своите девојки е дека не смеат да даваат никакви изјави за врската со него, а кружат гласини дека тие потпишуваат дури и договори за тајност.
Сака максимално да си ја сочува приватноста.
Треба да го сакаат тоа што го сака тој
Тие мора да ги делат неговите страсти, па така ако сакаат да бидат во врска со него мора да се грижат за спасување на планетата и да даваат поддршка на неговата фондација формирана специјално за тоа.
Исто така, постојано треба да го придружуваат на сите хуманитарни настани.
Да не се надеваат на дете со него
„Дали мислите дека сакам дете во ваков свет? Ако се случи, ќе се случи, но немам таков план засега“, е една од изјавите на Леонардо.
Леонардо ди Каприо и неговата сегашна девојка Камила Морон
С. С. | Црнобело