Л. Кравиц живее во приколка
- Детали
- четврток, 25 август 2011
Верувале или не, Лени Кравиц веќе две години живее во приколка. Пејачот ја има стационирано својата приколка на полуостровот Елефтера на Бахамите...
...и ја нема преместено веќе две години. Иако неодамна ја продаде својата куќа во Њујорк, Лени не се има откажано комплетно од луксузот – имотот во Париз сеуште е во негова сопственост.
„Ова е местото каде се чувствувам најубаво, тоа е она што јас го нарекувам свој дом. Сум доаѓал овде уште на свои 5 години, но сега сум овде константно веќе две години. Живеам во приколка на плажа, немам никаков луксуз. Имам куче, наоколу дрва, и тоа е се што ми треба за да ја поттикне мојата креативност.“ – изјавил Лени за американските медиуми.