Демолираа хотелски соби, по раскинувањето таа отиде на рехабилитација – Љубовната приказна на Џони Деп и Кејт Мос и зошто таа е важен сведок
- Детали
- среда, 25 мај 2022
Во 1994-та година Џони Деп бил уапсен, откако заедно со неговата тогашна девојка Кејт Мос демолирале цела хотелска соба. Тој раскина со неа и го започна заедничкиот живот со бремената Венеса Паради, а Кејт заврши на рехабилитација – Факти за турбулентната врска на Кејт Мос (48) и Џони Деп (58), плус зошто е таа важен сведок на судењето со Амбер Херд?
Долго пред да стапи во брак со Амбер Херд и пред да го започне заедничкиот живот со Ванеса Паради, Џони Деп ги полнеше таблоидите заради неговата врска со британскиот топ модел Кејт Мос.
По 4 години врска, наместо понуда за брак, Џони Деп ја оставил Кејт Мос и го започнал животот со француската актерка Ванеса Паради која по само 3 месеци останала бремена.
Кејт Мос треба да застане денес во судницата и да сведочи на судењето за клевета, а според многумина таа ќе биде клучен сведок што во голема мера може да донесе пресврт во судницата.
Додека го исчекуваме сведочењето на скандалозниот топ модел, да се присетиме на нивната турбулентна врска и да видиме зошто нејзиниот исказ во голема мера може да ги промени работите.
Џони Деп и Кејт Мос се запознале во кафуле во Њујорк во 1994-та година. Џони бил на вечера со колумнистот Џорџ Вејн, а Кејт била излезена заедно со Наоми Кемпбел. Наводно, токму колумнистот Вејн ги запознал без воопшто да се посомнева дека тие ќе станат најславната позната двојка во наредните години.
Кога се запознале Кејт имала 20 години, а Џони 31 година, а заедно биле во врска четири години.
Во истата година кога се запознале, Џони бил уапсен откако со Кејт заедно уништиле хотелска соба, а луѓето од обезбедувањето ги нашле како седат среде хаосот што го предизвикале. Во 2020-та година Џони се наврати на тој настан, па рече:
„Всушност му реков на човекот од обезбедување дека сум подготвен да платам за сѐ што сум скршил.“