Џони Деп ја гледаше директно во очи додека сведочеше против него – која е Витни, сестрата на Амбер Херд?
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
Таа е неверојатна убавица, како и нејзината славна сестра, и ѝ е најголема поддршка во судскиот процес со Џони Деп. „Кога беше пијан или под дејство на дрога, кажуваше непријатни работи, односно ужасни, ужасни работи кон Амбер...“, гласи дел од сведочењето на Витни.
Во судскиот процес помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, кој е полн со скандалозни обвинувања и контроверзии, учество зема и сестрата на Амбер, Витни Хенрикез, која застана во нејзина одбрана и ѝ е поддршка од самиот почеток.
И додека тој постојано се обидува да го избегне погледот на Амбер, затоа што вели дека не сака ниту да ја погледне во очи, актерот ја гледаше директно во очи нејзината сестра додека таа сведочеше.
33-годишната Витни изјави дека ако Џони Деп консумирал алкохол или дрога речиси секогаш имало кавга.
Додава дека работите ескалирале брзо, и кога не бил трезен постојано имало конфликти.
За однесувањето на Амбер за време на врската и бракот со Џони, Витни изјави:
„На почетокот Амбер беше Амбер – гласна, забавна, се смееше многу, сакаше да биде опкружена со пријателите. Но, потоа таа престана да спие, не беше толку гласна, ниту ведра.
Ослабе екстремно, очите ѝ беа вдлабнати, имаше проблем со срцето, а Џони Деп дури контролираше што ќе носи таа на настани, затоа што имаа ист стилист. Плус тој беше комплетно различен кога беше под дејство на дрога и трезен.
Дури ѝ забрануваше да има лозинка на телефонот или ја тераше ако има, таа да биде едноставна за да ја запомни.
Кога беше пијан кажуваше непријатни работи, односно ужасни, ужасни работи кон Амбер.“
Но, која е всушност Витни?
Таа е актерка и модел од Тексас, но најмногу позната како помлада сестра на Амбер Хард.
Често се појавува на различен тип на настани со неа, а најмногу се гордее кога таа ќе направи некаков придонес во хуманитарни цели.
Витни и Амбер потекнуваат од доброситуирано семејство и оделе во истото училиште.
Таа е во брак со Гевин Хенрикез и имаат две деца заедно.
Во 2007 година се појавила филмот „Homo Erectus“.