Меган Фокс со подраснати нокти на црвен тепих со Машин Ган Кели, откако јавно проговори за сексот со него (фото)
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Меган Фокс зрачеше со сексапил на црвениот тепих во фустан со висок шлиц и истакнато деколте, заедно со нејзиниот свршеник Машин Ган Кели, но и таа покажа дека не е секогаш совршена и како и секоја „обична“ жена понекогаш има подраснат маникир кој беше забележителен.
По подолга пауза Меган Фокс (35) и нејзиниот свршеник Машин Ган Кели (32) прошетаа на црвениот тепих во модно усогласени розови изданија, по повод премиерата на нивниот филм Good Mourning.
Филмот Good Mourning премиерно беше прикажан во London Hotel во Холивуд, а Меган се појави во розова светкава тоалета со висок шлиц. Таа носеше чевли на платформа со отворени прсти, а целосно стајлингот во голема мера потсетува на гламурот на стариот Холивуд.
Но, очигледно Меган не е премногу опседната со секоја ситница во изгледот и како и секоја обична жена понекогаш се појавува со подраснат маникир, кој беше впечатлив за оние со изострен вид.
Нејзиниот свршеник Машин Ган Кели (32) се појави во розов свилен костум со рози, а на нозете носеше црно-бели чевли.
За Меган и Машин ова беше релетивно мирно појавување на црвениот тепих, без поголеми скандали.
Откако почнаа да се појавуваат заедно на црвениот тепих публиката можеше да ги види како страсно се бакнуваат, пијат крв, па дури и се појавија врзани со синџири.
Таа неодамна даде интервју во кое јавно призна дека со Машин Ган Кели имаат несекојдневен љубовен и сексуален живот, во кој таа е потчинета.