Ја учи ќеркичката да плива, ја храни: Џанлука Ваки ужива во улогата на татко, но и сопруг (фото)
- Детали
- среда, 11 мај 2022
Убавата Шерон Фонсека ужива во бракот со шармантниот Италијанец и не штеди на убави зборови за него. Парот го обожава своето динамично животно темпо на Мајами периодов...
Шерон Фонсека не штеди на убави зборови за да искаже колку е задоволна и среќна од бракот со Џанлука Ваки.
Таа неодамна објави фотографии со него со романтичен опис „Се имаме еден со друг, имаме сè“.
Парот ужива во животот во Мајами, каде нивната наследничка го имаше и првиот час по пливање.
Од капење во базен до забави со танцување дома, тие дефинитивно знаат како да уживаат во животот.
Се разбира, тука се и летовите со приватен џет, а деновиве славниот Италијанец присуствуваше и на Формула 1 викендот во Мајами.
Нивното секојдневие низ фотки и видеа:
С. С. | Црнобело