Зошто познатите парови се бакнуваат со јазици на црвениот тепих пред камерите?
- Детали
- сабота, 14 мај 2022
Според експерт за говор на телото, овие бакнежи воопшто не се предизвикани од страст, туку се однапред внимателно испланирана кореографија со цел да се привлече повеќе внимание.
Додека повеќето познати парови позираат „културно“ кога се на црвениот тепих, некои, како Меган Фокс и Машин Ган Кели, сакаат да провоцираат и неретко се бакнуваат со јазик пред камерите.
Па, која е причината за ова?
Ако погледнете видеа од овие мигови, ќе забележите дека паровите воопшто не споделуваат „француски бакнеж“, туку само си ги допираат исплазените јазици.
Бидејќи ова станува навистина честа појава, експертот за говор на телото Џуди Џејмс, решила да го анализира ова однесување за Daily Mail.
Според неа, со ова јавно разменување нежности познатите парови сакаат да изгледаат „кул“ и, секако, да привлечат повеќе внимание.
„Допирањето на јазиците уште се гледа како неучтив и предизвикувачки гест, а истовремено ова прави парот да изгледа секси“, вели Џуди.
Покрај тоа, на овој начин се гледаат лицата и на двајцата партнери – нешто што е речиси невозможно доколку споделат „обичен“ бакнеж (како Џастин и Хејли подолу) – но и нема ризик да им се расипе шминката.
Џуди смета дека во повеќето случаи паровите само приредуваат шоу за камерите бидејќи од говорот на нивното тело се гледа дека воопшто не станува збор за страстен момент.
„На Мет Галата, колковите на Кортни се оддалечени од Тревис. Ако станува збор за навистина страстен момент, телата ќе им беа прилепени едно за друго“.
Џуди нагласува дека во светот на шоу-бизнисот, паровите се натпреваруваат за тоа кој ќе привлече повеќе внимание. Па, покрај ризичните модни комбинации, тие го користат и бакнувањето со јазик.
„Целта им е да прикажат момент кој изгледа интимно. Спонтан гест предизвикан од страст кај партнери кои не можат да ги тргнат рацете еден од друг“.
Џуди вели дека ова почесто го гледаме кај повозрасни парови, бидејќи ваквото однесување не е очекувано од нив.
„Со овој гест тие изгледаат бунтовно. Сакаат да изгледаат како вечно млади луѓе, а притоа го истакнуваат фактот дека уште се посакувани поради нивниот изглед“.
Веќе е јасно дека овие страсни бакнежи се инсценирани и планирани однапред и воопшто не станува збор за страст. Некогаш паровите го прават оваа и кога не се на важен настан, односно приредуваат шоу за папараците додека се на прошетка, на спортски натпревар и слично. И овојпат најчесто станува збор за кореогафија.
„Неретко гледаме како парот оди по црвениот тепих пред одеднаш да почне да покажува страст пред камерите. Тие може да го повторат бакнежот неколкупати додека одат по црвениот тепих и скоро секогаш можете да го слушнете ракоплескањето од медиумите и нивните ПР агенти кога ќе биде направена совршената фотографија“.
Со овој начин на позирање, паровите и сакаат да ја убедат јавноста дека нивната врска е многу стабилна и страсна дури и зад затворени врати.
Спирова С. | Црнобело