Амбер Херд мета на критики кај македонските твитерџии: „Сега е време да ја земеме и така никој не ја сака“

„Тој беше врз мене и врескаше ‘те мразам, ми го уништи животот’“ – сведочи во солзи Амбер Херд за насилството што го претрпела за време на бракот со Џони Деп. Твитерџиите, пак, велат дека нејзината приказна е навреда за вистинските жртви на насилство и дека целата оваа драма е „нејзината најдобра глума во животот“. Кој е вашиот став?

amber-herd-meta-na-kritiki-kaj-makedonskite-tviterdjii-sega-e-vreme-da-ja-zememe-i-taka-nikoj-ne-ja-saka-01.jpg

Видно вознемирена и со солзи во очите, Амбер Херд сведочеше за сексуалното насилство што го трпела за време на бракот со Џони Деп, а одбраната на познатиот актер сведочењето го нарече најдобрата „глума во нејзиниот живот“.

amber-herd-meta-na-kritiki-kaj-makedonskite-tviterdjii-sega-e-vreme-da-ja-zememe-i-taka-nikoj-ne-ja-saka-02.jpg

Наводно нападот се случил во март 2015-та година во Австралија во нивниот изнајмен дом додека актерот работел на снимањето на филмот Pirates of the Caribbean 5.

Претходно Џони Деп тврдеше дека во истиот инцидент Амбер му го отсекла прстот со шише од алкохол, а Амбер вели дека тоа не се случило.

amber-herd-meta-na-kritiki-kaj-makedonskite-tviterdjii-sega-e-vreme-da-ja-zememe-i-taka-nikoj-ne-ja-saka-03.jpg

Парот наводно имал бурна расправија затоа што Џони бил љубоморен и ја обвинувал неговата тогашна сопруга дека имала афера со Еди Редмејн, колегата со кого играла во The Danish Girl.

Според Амбер, нејзиниот сопруг тогаш земал 8 до 10 таблети екстази, откако претходно и двајцата се договориле дека ќе престанат да земаат дроги.

amber-herd-meta-na-kritiki-kaj-makedonskite-tviterdjii-sega-e-vreme-da-ja-zememe-i-taka-nikoj-ne-ja-saka-04.jpg

Актерот разговарал со своите агенти, по што се вратил мошне вознемирен, почнал да ја притиска за вратот и да ѝ вели дека го предупредиле за неа, дека никој не ја сака и дека посакувал никогаш да не се оженел за неа.

Сведоштвото на Амбер: 

„Во еден момент тој беше врз мене и врескаше 'те мразам, ми го уништи животот'. Никогаш не сум била толку уплашена во мојот живот. Ме гледаше. Се обидов да го смирам, да сфати дека јас сум пред него.

Се обидував да продрам до него.

Ми ја удираше главата од шанкот и не можев да дишам. Се сеќавам дека се обидував да станам и да му кажам дека ме повредува.

Не можев да дишам. Не можев да станам. Следно што се сеќавам е дека ме легна на шанкот, гледав само во синото светло.

Лежев на шанкот. Мислев дека ме удира. Чувствував притисок во препонската коска и чувствував дека раката му се движи.

Изгледаше како да ме удира, а јас чувствував само притисок. Не се сеќавам што реков, само се сеќавам дека бев мошне мирна и не сакав да мрдам.

Се сеќавам дека гледав низ собата, во скршените шишиња, скршеното стакло и не сакав да се движам затоа што не знаев дали шишето со кое ме силуваше беше скршено. Не чувствував болка, не чувствував ништо“ – вели таа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg