Згодниот син на Џон Бон Џови е копија на татко му – мами воздишки со изгледот, во врска е со Мили Боби Браун (фото)
- Детали
- петок, 06 мај 2022
Џејкоб, 19-годишниот син на Џон Бон Џови, изгледа речиси идентично како неговиот татко и мами воздишки со русата коса и сините очи, а моделот моментално се обидува да се пробие во филмската индустрија. Тој е во врска со актерката Мили Боби Браун од серијата Stranger Things.
Џон Бон Џони, вокалистот на ултра популарниот бенд Bon Jovi, е еден од ретките познати мажи кои можат да се пофалат со стабилен брак. Тој и сопругата Доротеа се во брак од далечната 1989 година, а заедно имаат четири деца – Џејкоб, Ромео, Стефани и Џеси.
Трите негови деца не се експонираат во јавност, но 19-годишниот син Џејкоб почна да привлекува многу внимание, најмногу поради неговиот изглед.
Џејкоб, или Џејк, гради кариера во модната индустрија. Неодамна тој се појави на насловната страница на магазинот Men About Town, а она што привлече најмногу внимание е неговата сличност со татко му.
Со руса коса и сини очи, Џејк изгледа речиси идентично со познатиот музичар, а на фотографиите покажува и дека е во одлична форма.
На највпечатливите фотки, згодното 19-годишно момче позира топлес, облечен само во розови панталони.
Иако татко му Џон е една од најпознатите музички ѕвезди, Џејк наводно не планирал музичка кариера. Наместо тоа, покрај тоа што е модел, тој сакал да проба да се пробие и во филмската индустрија.
Всушност, тој живее во Њујорк каде што се обидува да ја започне актерската кариера.
Моментално Џејк е во врска со младата актерка Мили Боби Браун, најпозната по хит-серијата Stranger Things.
Гласините за нивната врска почнаа уште во 2021 година, откако Џејк сподели селфи со актерката. Набрзо потоа беа забележани како се држат за рака во Њујорк. Годинава, на доделувањето на BAFTA наградите, тие првпат се појавија на настан како пар.
Покрај обидите да се пробие во светот на славните, Џејк е и хуманитарец како татко му. Тој, заедно со браќата и сестрата, активно е вклучен во фондацијата на неговите родители чија цел е да им помогне на бездомниците и гладните.
Тие имаат и ресторани – Soul Kitchen – каде што гостите можат да платат со она што имаат. Односно, гостите можат да јадат таму дури и ако немаат воопшто пари. Со ова им помагаат на околните бездомници и луѓе кои се соочени со сиромаштија.