Џенифер Анистон по влечки и со мрсна коса, Метју Пери во најлошо издание досега – ѕвездите од „Пријатели“ непрепознатливи (фото)
- Детали
- четврток, 05 мај 2022
Иако Џенифер Анистон изгледа одлично на црвениот тепих, сепак кога не е на настан, и таа знае да прошета по влечки и со мрсна коса. Метју Пери, од друга страна, со години ги загрижува фановите со неговиот изглед, а деновиве се појави во можеби најлошото издание досега.
Кога ќе се земе предвид нејзината возраст, факт е дека Џенифер Анистон се држи навистина добро.
Актерката и на 53 години е во топ-форма и изгледа беспрекорно на секој важен настан.
Но, и Анистон е само обичен човек, па во слободно време не се преоптоварува со изгледот и честопати имаме можност да ја видиме во лежерно издание.
Неодамна актерката беше забележана во Беверли Хилс како излегува од салон каде што наводно ги купува нејзините продукти за убавина.
Потоа влезе во нејзините нов автомобил – Porsche Targa – кој според Daily Mail чини околу 150.000 долари.
Наместо гламурозен фустан и средена фризура, актерката носеше црни панталони и црвена маичка, во комбинација со сако. На нозете носеше обични влечки.
Со разлетаната, мрсна коса и малку истутканото сако, актерката изгледа далеку поразлично од она што сме навикнати да го гледаме на црвениот тепих.
Од друга страна, нејзиниот колега Метју Пери, попознат како Чендлер од серијата „Пријатели“, ги загрижува фановите со секое појавување во јавност.
52-годишниот актер со години се бореше со алкохолизмот, а многуте животни проблеми го направија непрепознатлив.
Пред некој месец актерот ја раскина свршувачката со последната девојка и оттогаш реткост е да излезе надвор.
Сепак, недамна беше забележан на улиците во Лос Анџелес, повторно со загрижувачки изглед.
Покрај вишокот килограми кои всушност можат да бидат нормална појава кај многу други, многу повеќе загрижува неговиот запуштен изглед.
Со разбушавена коса и „замислен“ поглед, актерот носеше црни тренерки и сива маица. На едната дланка имаше и памук залепен со фластер.
Моментално актерот работи на неговите мемоари каде што планира да сподели детали и од неговите битки со зависноста.
„Во минатото за мене се пишуваа многу работи. Мислам дека е време овие работи да ги слушнете од мене. Кога успевав – успевав. Кога ми беше лошо – ми беше навистина лошо.
Но, доживеав да ја раскажам приказната, иако некогаш не бев сигурен дали ќе успеам во тоа. И сè ќе биде споделено овде“, изјави тој за неговата книга.
Спирова С. | Црнобело