Новинарка открива детали за свадбата на Бруклин и Никола – рабинот мислел дека го венча Дејвид, таткото на невестата платил сѐ
- Детали
- петок, 29 април 2022
Рабинот неколкупати го згрешил името на Бруклин и го нарекол Дејвид, а потоа се извинил и кажал дека е голем љубител на фудбал. Младоженецот и невестата со солзи во очите го одиграле првиот танц, а Дејвид и Викторија платиле само за диџеј – новинарка открива нови факти за свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц, која важи за една од најскапите.
Фотографиите и видеата од свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц ќе бидат објавени во јунското издание на магазинот Vogue, a дотогаш новинарката Алисон Бошоф за Daily Mail открива повеќе детали од настанот.
Никола Пелц (27) и Бруклин Бекам (23) се венчаа во 6 часот попладне по локално време во Палм Бич Флорида.
Сите знаат дека свадбата на годината во целост ја платил таткото на невестата Никола Пелц, Нелсон, а иако претходно се тврдеше дека ќе биде во целост еврејска церемонија, новинарката открива дека имало две церемонии: една со рабин и една со католички свештеник.
На свадбата која траеше три дена присуствувале околу 500 гости, а се смета дека богатиот американски милијардер за свадбата на својата ќерка потрошил над 18 милиони долари, со што ова е една од најскапите свадби на сите времиња.
За Дејвид и за Викторија се знае дека платиле само за настапот на DJ Fat Tony, а нивниот пријател Марк Ентони им правел услуга па пеел бесплатно.
Првиот танц бил на познатата песна од Елвис Присли Can’t Help Falling in Love, а младенците танцувале со солзи во очите.
Бруклин уште еднаш покажа дека не му е проблем тоа што пораснал во сенка на неговите славни родители. Па така за време на еврејската церемонија рабинот неколкупати го нарекол Бруклин како Дејвид додека младенците ги давале заветите.
Наводно, рабинот потоа се извинил и објаснил дека е голем љубител на фудбал, па затоа направил грешка.
Гостите присутни на свадбата требало при влегувањето да ги предадат своите мобилни телефони, а освен неколкуте фотографии што досега беа објавени, свадбата на годината ќе се најде на насловното издание на Vogue во јуни.
На свадбата говори држеле браќата на Бруклин, Ромео (19) и Круз (17), но и Дејвид кој на невестата ѝ порачал:
„Ве сакаме многу. Возбудени сме што ќе бидеш дел од нашето семејство.“
Од страна на невестата говор држел нејзиниот брат Бред, кој му порачал на Бруклин:
„Добредојде во семејството. Првото правило е: ‘Среќна жена, среќен живот’.“
Б. С. Б. | Црнобело