Најраскошните (и најскапите) венчавки на познатите личности од изминатата деценија
- Детали
- недела, 24 април 2022
Ким Кардашијан потроши 10 милиони долари за венчавката со Крис Хамфри, додека свадбата со Канје ја чинеше 12 милиони долари.
Познатите парови воопшто не штедат кога станува збор за нивните венчавки и за церемонијата неретко плаќаат по неколку милиони долари.
Изминативе 10-тина години се венчаа некои од најпознатите парови во светот, а сите направија раскошни и навистина скапи венчавки.
Сепак, и покрај целиот раскош, познатите парови ја ценат својата приватност, па од повеќето венчавки има малку фотографии достапни за јавноста.
Дел од раскошните венчавки во продолжение:
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон (2011)
Сите очекуваа раскош на кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а кралското семејство дефинитивно не штедеше за церемонијата.
Венчаницата на Кејт чинеше околу 330.000 долари, а според изворите, за целиот настан кралското семејство одвоило над 35 милиони долари.
На венчањето во Вестминстер Аби беа присутни речиси 2.000 гости, додека преносот го следеле околу 17 милини луѓе.
Ким Кардашијан и Крис Хамфри (2011)
Можеби бракот на Ким Кардашијан и Крис Хамфри траеше само 72 дена, но за венчавката се зборуваше долго после тоа.
За венчавката Кардашијанс потрошија 10 милиони долари, а Ким се појави во три венчаници на дизајнерката Вера Ванг. Ријалити ѕвездата носеше и дијамантски украс на главата. Не е позната точната цена, но се претпоставува дека венчаниците чинеле по најмалку 25.000 долари.
Ким и Крис имаа над 600 гости на свадбата.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк (2012)
Џесика Бил платила 100.000 долари за нејзината венчаница, а за церемонијата со Џастин потрошиле околу 6,5 милиони долари.
Тие се „поскромни“ кога станува збор за гости – поканиле само околу 150 луѓе.
Парот се венча во Италија.
Криси Тајген и Џон Леџенд (2013)
Слично како Ким Кардашијан, и Криси носеше три венчаници на венчавката со Џон Леџенд во 2013 година.
Не е познато колку пари одвоиле Џон и Криси за венчавката, но сигурно станува збор за неколку милиони долари.
Тие се венчаа во Италија пред 125 гости.