Емили Ратајковски по градник го шета кучето, Киану бира веренички прстен - Фото-докази дека и ѕвездите се само „обични“ луѓе
- Детали
- сабота, 02 април 2022
Емили Ратајковски беше фотографирана како го шета кучето во градник, Џеј Ло играше бејзбол со Бен Афлек и со ќерката Еме, а Киану Ривс ги разгоре гласините дека ќе стапи во брак откако беше забележан како разгледува прстени.
Славните најчесто се подготвуваат со часови за фотосесии, а треба да бидат подготвени за фотографирање и кога ќе излезат на улица затоа што знаат дека постојано ги демнат папараци.
Сепак, понекогаш може да им се случи и сосема неочекувано да се најдат во кадарот на некој од фотографите, а тогаш можеме да видиме дека и тие се обични луѓе што имаат сопствени потреби и навики.
Кој од славните е постојано подготвен за фотографирање, а кого го фатија неподготвен? Како изгледаа Кејти Холмс и Џенифер Гарнер по доделувањето на Оскарите каде се појавија во гламурозни тоалети?