Ријана за првпат во романтичен труднички фустан - вљубени и фатени за рака со Ејсап Роки (фото)
- Детали
- четврток, 24 март 2022
„Никогаш не сум видела поубава трудница од Ријана“ - По сите модни изданија со гол труднички стомак, Ријана се одлучи за романтично трудничко издание и прошета вљубена со саканиот во розов фустан со тул.
Ријана (34), по сите разголени изданија во бременоста, за првпат беше романтична трудница на прошетката со Ејсап Роки во Лос Анџелес.
Пејачката, која го очекува своето прво дете, носеше светло розов фустан со тул, кој го надополни со шарени патики на нозете.
Стајлингот е вистинско освежување, по сите разголени изданија.
Ријана и Ејсап Роки за време на прошетката се држат за раце и изгледаат навистина вљубено.
За пејачката веднаш имаше позитивни коментари на Твитер, од кои еден гласи:
„Никогаш не сум видела поубава трудница од Ријана. Таа е прекрасна.“
I have never seen a pregnant woman more beautiful than @rihanna 😍😍😍 omg!!!!just stunning!❤️ #pregnantrihanna #rihanna #glow
— virginia gando (@GandoVirginia) March 24, 2022
Прочитајте и „Има ли Ријана баба?“ – Голиот труднички стомак на Ријана хит кај македонските и регионалните твитерџии
Дали ова е едно од најдобрите труднички изданија на Ријана?
С. С. | Црнобело