Чудни трикови за убавина за кои славните жени тврдат дека се ефикасни

Никол Кидман е позната по својата сјајна коса, која вели дека ја одржува со пијалаци. Таа верува дека за црвената коса е најдобро да се користи сок од брусница, додека русата коса најдобро се измива со шампањ.

bizarni-trikovi-za-ubavina-za-koi-slavnite-zheni-tvrdat-deka-se-efikasni-01.jpg

Постојат еден тон чудни, но наводно ефикасни трикови за убавина кои славните веќе ги испробале, а очигледно функционираат штом редовно ги користат.

Сепак, не е препорачливо и вие да ги пробувате овие трикови бидејќи можат да предизвикаат несакани последици, а и повеќето не се одобрени од професионалци. 

Кои се чудните трикови за убавина на славните?

1. Лејди Гага верува дека фејслифтинг најдобро се прави со самолеплива лента. Самолепливата лента обично ја лепи на работ од самото лице, на границата со косата. Таа смета дека затегањето на кожата на овој начин ја прави помладолика.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-01.jpg

2. Кејт Хадсон верува дека лицето треба да се потопува во сад полн со вода и коцки мраз, на интервал од неколку секунди.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-02.jpg

3. Камерон Дијаз ги лечи црвенилото и воспалението од акните со капки за очи, односно вештачки солзи.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-03.jpg

4. Клои Грејс Морец го чисти лицето со маслиново масло, наместо со скапи препарати.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-04.jpg

5. Карди Би го бричи лицето пред да нанесе шминка, односно ги отстранува ситните влакненца и прави пилинг.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-05.jpg

6. Шејлин Вудли нанесува шампон на косата само еднаш месечно.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-06.jpg

7. Салма Хајек не го мие лицето наутро. Тој ритуал го практикува исклучиво навечер, бидејќи нејзината баба ја научила дека кожата се регенерира додека спиеме, па ако се измиеме веднаш наутро, сите маснотии кои ја регулираат pH вредноста - се отстрануваат.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-07.jpg

8. Марго Роби ги негува усните со крем против бебешки иритации, наместо со балсам за усни.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-08.jpg

9. Никол Кидман е позната по својата сјајна коса, која вели ја одржува со пијалаци. Таа верува дека за црвената коса е најдобро да се користи сок од брусница, додека русата коса најдобро се измива со шампањ.

cudni-no-efikasni-trikovi-za-ubavina-od-slavnite-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg