„Упс, пак згрешивме“ – Луисана Лопилато го покажа трудничкото стомаче - трите деца го бакнуваат

Трите деца на „младата бунтовничка“ Луисана Лопилато и Мајкл Бубле со нетрпение очекуваат да го запознаат новиот член од семејството - гордата мајка објави нови фотки, на кои тие го бакнуваат нејзиниот стомак, со кои ги потврди вестите дека повторно е бремена.

ups-pak-zgreshivme-luisana-lopilato-so-novi-fotki-potvrdi-deka-e-bremena-so-chetvrtoto-dete-01.jpg

Канадскиот пејач Мајкл Бубле вчера (22.02) го објави новиот спот за песната I’ll Never Not Love You, со кој на уникатен начин ја соопшти веста дека неговата сопруга е повторно бремена.

ups-pak-zgreshivme-luisana-lopilato-so-novi-fotki-potvrdi-deka-e-bremena-so-chetvrtoto-dete-02.jpg

Во видео-спотот во кој Мајкл и Луисана рекреираат повеќе романтични сцени од познати филмови „Казабланка“, „Титаник“, „Храбро срце“ на крајот познатиот пар се појавува во реално издание каде се гледа како тие се во супермаркет, а актерката има труднички стомак.

Погледнете го новиот видео-спот на Мајкл Бубле:

Луисана Лопилато која кај нас е позната по улогата во латино-американската ТВ серија „Млади бунтовници“ по официјалното објавување на спотот, на својот Инстаграм профил објави две фотки со трудничкото стомаче.

„Упс, пак згрешивме“ – напиша таа до фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Luisana Lopilato (@luisanalopilato)

На првата фотографија таа е заедно со нејзиниот сопруг со кого се запознаа во 2009-та година на снимањето на неговиот спот Haven’t Met You Yet, а се венчаа во 2011-та година.

Луисана и Мајкл заедно имаат три деца: Ноа (8), Елиас (6) и Вида (3), а на втората фотографија се гледа како тие го бакнуваат трудничкиот стомак на нивната мајка.

ups-pak-zgreshivme-luisana-lopilato-so-novi-fotki-potvrdi-deka-e-bremena-so-chetvrtoto-dete-03.jpg

Инаку, Луисана и Мајкл беа мошне застапени во медиумите во 2016-та година кога на нивниот син Ноа на 3-годишна возраст му беше дијагностициран рак на црниот дроб.

Во 2017-та година парот ги доби среќните вести дека нивното дете е излекувано.

Погледнете повеќе фотографии од Луисана во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg