Познати личности кои зажалиле за пластичните операции и корекциите на лицето
- Детали
- недела, 06 март 2022
По првиот (и единствен) третман со ботокс, Камерон Диаз не можела да се препознае, па тврди дека оттогаш нема направено никаква корекција на лицето.
Корекциите на лицето станаа навистина популарни и кај познатите, но и кај сите останати.
Додека некои ѕвезди се навистина задоволни од резултатот и редовно користат ботокс, филери и пластични операции, дел од нив се покајале за оваа одлука.
Кои познати личности зажалиле за корекциите и пластичните операции?
Камерон Диаз
Во 2014 година, Диаз откри дека еднаш направила третман со ботокс, но воопшто не ѝ се допаднал резултатот – не можела да си го препознае лицето.
Актерката тврди дека оттогаш нема направено никаква корекција, како и дека е горда на брчките за кои вели дека покажуваат дека се смеела целиот живот.
Гвинет Палтроу
И Гвинет Палтроу пробала ботокс и воопшто не била задоволна од крајниот резултат.
Иако актерката нема ништо против корекциите на лицето и вели дека можеби во иднина ќе проба нешто друго, одлучна е дека никогаш повторно нема да стави ботокс.
Џесика Симпсон
Порано пејачката ставила филери на усните, но во интервју откри дека била пресреќна кога конечно ѝ се вратиле во првобитната форма.
Џесика вели дека не ѝ се допаѓа како изгледа со полни усни, па не планира да ја повтори процедурата.
Џејми Ли Кертис
Како многу славни жени, и Џејми Ли Кертис експериментирала со разни третмани на лицето, а ниту еден од нив не ги исполнил нејзините очекувања.
Сега актерката е поборник за „природно стареење“.
Мелани Грифит
Мелани Грифит вели дека не сфатила колку претерала со пластичните операции сè додека нејзините блиски не ѝ го спомнале тоа.
По овие критики, актерката сфатила дека си го уништила лицето, па отишла кај нов хирург кој направил корекции на лошо изведените зафати.
Мелани тврди дека оттогаш нема направено никаква корекција.