Познати личности кои зажалиле за пластичните операции и корекциите на лицето
Ким Кардашијан
Ким има изјавено дека направила третман за зголемување на челото со кој се поместува линијата на косата.
Таа вели дека по неколку години сфатила дека направила грешка, како и дека сега ѝ недостасуваат „бебешките“ влакна за кои смета дека правеле да изгледа помладо.
Мики Рурк
Мики Рурк е еден од славните кои претерале со пластични операции до тој степен, што изгледаат како потполно друга личност.
Тој смета дека отишол кај неискусен хирург и не е воопшто задоволен од резултатот.
Линда Еванџелиста
По корекциите, Линда Еванџелиста останала со подуено лице. Актерката вели дека сега се кае за таа одлука бидејќи повеќе не се препознава.
Криси Тајген
На почетокот од кариерата, Криси Тајген си ставила силикони во градите, но во 2020 година реши да ги отстрани.
Моделот сподели дека имплантите не биле воопшто практични и ѝ предизвикувале многу проблеми.
Ешли Тисдејл
Исто како Криси, и Ешли Тисдејл реши да ги отстрани имплантите од градите.
Актерката сподели дека ѝ се појавиле компликации и почнала да стравува за сопственото здравје.
Спирова С. | Црнобело