Поранешната порно актерка Миа Калифа 3 месеци по разводот го покажа новото момче - си фати пејач од Порторико (фото)
- Детали
- недела, 13 февруари 2022
Се разведе и сега е вљубена во своето ново момче. Што прави поранешната порно ѕвезда Миа Калифа деновиве?
Поранешната порно актерка Миа Калифа (29) на Инстаграм редовно споделува фотографии од нејзиниот живот, а често на Инстаграм стори става фотографии и со нејзиното ново момче Јаи Кортез.
Во јули минатата година таа објави дека се разведе од Роберт Сандберг, иако како што рече, дале сѐ од себеси за да ја спасат врската.
Роберт и Миа, требаше да се венчаат во јуни 2020-та година, но свадбата беше одложена поради светската пандемија. Сепак, двојката одлучи да го каже судбоносното „Да“ во нивниот дом.
Како и да е, по само една година брак, Миа и Роберт се разведоа, а оваа своја одлука Миа ја соопшти јавно на нејзиниот Инстаграм профил.
Како што рече тие се обиделе да направат сѐ за да го спасат бракот, се обиделе и со терапија за двојки, но не успеале во тоа. Според Миа, тие се разделија како пријатели.
Само три месеци по разводот, Миа јавно го покажа своето ново момче, пејачот Јаи Кортез (28). Кортез е роден во Порторико, но пораснал во Њу Џерси, така што говори и шпански и англиски јазик.
Во јавноста почнаа да се појавуваат информации дека Миа и Јаи се заедно уште во летото 2021-ва година, кога на YouTube се појави видео во кое тој ја учи како да пее една од неговите песни на шпански јазик.
https://www.youtube.com/watch?v=QjSbGxRMrCs
Во октомври тие заедно се појавија на сцената во Порторико и споделија страсен бакнеж, а еден месец подоцна на 5-ти ноември објавија заеднички фотографии на Инстаграм и потврдија дека се во врска.
Јаи на Инстаграм има 4,5 милиони следбеници, а од неговата кариера како композитор и музичар заработил околу 1,5 милиони долари.