Како изгледаат денес актерките од Cruel Intentions кои се прославија со страсниот бакнеж од 90-тите? (фото)
- Детали
- сабота, 19 февруари 2022
Поминаа 24 години од снимањето на филмот Cruel Intentions што во 90-тите ја шокира јавноста со страсниот бакнеж помеѓу двете актерки. Во филмот глумеа ривалки, а се најдобри другарки чие пријателство најмногу дојде до израз кога едната од нив се соочи со тешка болест.
Во филмот „Немилосрдни намери“ (Cruel intentions) од 1999-та година играа лути ривалки, но вистината е дека Селма Блер (49) и Сара Мишел Гелар (44) се најдобри другарки.
Тие во изминатите 24 години редовно се среќавале еднаш годишно со режисерот на филмот Роџер Камбл. Овие средби се оддржуваат на денот кога за првпат се сретнале на снимањето, а меѓу себе ги нарекуваат „Средби на тајната организација“.
„24-тa годишна средба на Тајната Организација. Сите го прават ова, само никој не говори за тоа. Освен мене“ – напиша Камбл до фотографиите.
Селма и Сара од заедничката соработка на филмот Cruel Intentions во 1999-та година па сѐ до денес се најдобри другарки.
Сара во 2002-та година се омажи за Фреди Принц Џуниор и со него има две деца.
Селма во периодот од 2004 до 2006-та година беше во брак со музичарот Ахмет Запа, со кого го доби синот Артур.
Сара и Селма на барање на обожавателите во минатото повеќепати го повторија страсниот бакнеж од филмот по кој станаа познати.
Сандра Блер во минатото говореше и за тоа како Сара ѝ помогнала во 2018-та година кога ѝ била дијагностицирана мултипла склероза.
„Чудно е што во периодот што треба да биде најстресен за мене јас се чувствувам среќно. Мислам дека тоа е поради тоа што сфатив дека имам луѓе што ме поддржуваат.
Гледам како луѓето ми посветија време и ми помогнаа. Пријателите застанаа до мене и тоа ми значеше многу“ – рече таа.
Погледнете повеќе фотографии како изгледаат денес славните актерки:
https://www.instagram.com/p/CR9fZ0jJA_R/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело