Бил уапсен за убиство, има 18-годишен син со пречки во развојот – Факти за Колин Фарел
- Детали
- недела, 06 февруари 2022
Има 18-годишен син со пречки во развој, бил во романтична врска со Елизабет Тејлор пред таа да почине во 2011-та година, а како тинејџер бил уапсен за убиство. Што знаеме за Колин Фарел – лошото момче на Холивуд?
Колин Фарел е еден од најпознатите холивудски актери. Играл во повеќе филмови, а важи за еден од милениците на женската публика. На возраст од 45 години Фарел се смета и за еден од најзгодните мажи, а за него се вели дека со годините само станува попривлечен.
За него се знае дека како дете бил вљубен во Мерилин Монро, дека долго време имал проблем со пороците, поради што двапати беше на рехабилитација.
Заводникот бил во брак само еднаш и тоа со Амелија Варнер (која во моментов е во брак со Џејми Дорнан познат по улогата на Кристијан Греј). Бракот траел само 4 месеци, во тој период тој имал 25 години, а таа 19.
Амелија, во една прилика појасни дека тие двајца на Тахити имале церемонија што не била легална и, според неа, никогаш не биле законски во брак.
Меѓу другите познати личности што се поврзувани со него се и Бритни Спирс, Анџелина Џоли и Деми Mур.
Во продолжение проследете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за славниот актер:
Колин Фарел во својата кариера неколкупати одбивал улоги, а најзапаметено е тоа што тој ја одбил улогата во филмот Collateral Damage (со Арнолд Шварценегер), а по повлекувањето на Пирс Броснан ја одбил и улогата на Џејмс Бонд.
Пред смртта на Елизабет Тејлор во 2011-та година, таа и Колин биле мошне блиски, а самиот призна дека имал романтична врска со 40 години повозрасната актерка. За него честопати во медиумите на шега пишуваат дека бил осмиот сопруг на славната актерка.
Во 1990-тите години кога се формирал популарниот ирскиот бенд Boyzone, Колин бил повикан на аудиција како пејач. Тој бил одбиен затоа што неговата изведба била мошне лоша, самиот вели дека присутните го натерале повторно да пее само за да се насмеат.
Во 2006-тата година по снимањето на филмот Miami Vice (Пороците на Мајами) Колин самиот се пријавил на рехабилитација за да ги победи зависностите од дрога и алкохол. По ова призна дека бил зависен од алкохол и опојни сусптанци од 14 години. Интересно е што актерот никогаш повеќе не им се вратил на старите лоши навики.
Истата година тој ја тужел неговата поранешна девојка Никол Нараин дека објавила 14-минутно секс-видео, што било направено 3 години пред тоа. Според него, поранешната Плејбој зајачица се обидела да заработи од видеото.
Во 2018-та актерот повторно сам се пријавил на рехабилитација, затоа што стравувал дека поради големиот број обврски постои опасност повторно да се врати на старите пороци.
Тој важи за еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, а помалку познат податок е дека тој има два сина од две посебни врски.
Од врската со манекенката Ким Борденeјв во 2003-та година го доби синот Џејмс Фарел (18) кој страда од Ангелманов синдром (генетско нарушување што се карактеризира со заостанување во развојот и недостаток на говор).
Во 2009-та година од врската со полската актерка Алиција Бахледа Цуруш го добил вториот син Хенри. Тие се разделиле во 2010-та година, но заедно се грижат за детето.
Во тинејџерските години Колин од Ирска заминал на патување низ Австралија каде по грешка бил уапсен како осомничен за убиство. Подоцна се покажало дека полицискиот фото-робот за личноста по која се трагало во голема мера наликувал на Колин.
Тој вели дека во моментот кога бил уапсен не бил во свесна состојба затоа што бил под дејство на алкохол и опојни супстанци. Му било дозволено да си замине дури откако неговиот пријател дал исказ во полиција дека биле заедно цела претходна ноќ.
Б. С. Б. | Црнобело