Парови кои важат за најдобро облечени во светот на шоубизнисот, дури и по разделбата

Можеби бракот на Бред Пит и Анџелина Џоли заврши бурно, но тие ќе останат запомнети како еден од најстилските парови. Со оваа складна комбинација, тие се појавија на EE British Academy Film Awards во 2014 година.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-08.jpg

Фарел Вилијамс никогаш не разочарува со стајлингот на црвениот тепих, а изгледа уште подобро кога е заедно со сопругата Хелен. Овде парот позира на доделувањето на Оскарите во 2014-та.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-09.jpg

Кога станува збор за мода, Ким Кардашијан и Канје Вест се највлијателниот пар и, пред да се разделат, речиси секогаш изгледаа беспрекорно на црвениот тепих. Фотографијата е направена на забавата по Оскарите во 2020 година.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-10.jpg

Иако се попознати за бизарностите во нивната врска, мораме да признаеме дека Меган Фокс и Машин Ган Кели изгледаат одлично кога се заедно на некој настан. Всушност, тие доминираа на црвениот тепих во 2020 и 2021 година, без разлика за каква манифестација стануваше збор.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-11.jpg

Истото може да се каже и за Кортни Кардашијан и Тревис Баркер кои дури и на папарацо фотките се со комбинации кои одлично се надополнуваат.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-12.jpg

Ријана е модна икона со која не се споредува никој и знае како да ги износи дури и најбизарните парчиња облека. Одличен пример е необичниот фустан што го носеше на Мет галата во 2021-ва, а покрај неа, и Ејсеп Роки изгледаше добро со „јорганот“.

sekogash-sovrsheni-na-crveniot-tepih-najdobro-oblechenite-parovi-vo-svetot-na-shou-biznisot-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
Најубавите парови на доделувањето на Златни Глобуси 2024 (фото) Бен Афлек и Џеј Ло, Хајди Клум и Том Каулиц, но и Кајли Џенер и Тимоти Шаламе ко...
Нови гласини за аферите на Дејвид Бекам: „Гледа во други жени и кога е со Викторија, ѝ ја уништи сам... Кратко пред да ја прослават 25-тата годишнина, Дејвид и Викторија Бекам се соочу...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg