Живеат во луксуз, но не се безгрижни: Колку плаќаат ѕвездите за обезбедување?
- Детали
- недела, 09 јануари 2022
Познатите личности можат да уживаат во луксузот што им го носат големите хонорари, но истовремено мора многу да внимаваат на сопствената безбедност, па голем дел од нивните финансии одат на обезбедување, а речиси никогаш на излегуваат без телохранители.
Сите славни луѓе се свесни дека од првиот миг кога ќе стекнат слава мошне лесно може да станат мета на опседнати обожаватели или нивниот дом да биде ограбен. Голем број познати личности биле мета на напади во минатото, па поради тоа тие се свесни дека треба да платат големи суми за нивната безбедност.
Ким Кардашијан и Лејди Гага имаа непријатни искуства во минатото, па поради ова плаќаат огромни суми за сопствената безбедност. Но, на оваа листа вистински рекордери се Џеј Зи Бијонсе кои плаќаат речиси двојно повеќе од сите останати.
Во продолжение погледнете колку пари трошат славните на обезбедување:
Џенифер Анистон
Џенифер Анистон (52) цели 10 сезони играше во познатата ТВ серија Friends.
Освен тоа, благодарение на улогите и во голем друг број филмови, а и поради тоа што беше и во брак со Бред Пит таа речиси секогаш е мета на обожаватели што сакаат да се фотографираат со неа или да добијат автограм.
Поради тоа, Анистон секој месец плаќа по 20.000 долари за телохранители.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез (52) е една од светски најпознатите личности благодарение на успешната музичка и актерска кариера.
Каде и да оди Џеј Ло е следена од нејзините телохранители што најчесто имаат искуство во полиција или во војска, а месечно поп-дивата плаќа по 42.000 долари за нејзина заштита, но и за заштитата на нејзините деца.
Ријана
Ријана (33) почна како пејачка, но во последните години стана сериозна бизнис-жена која и официјално во 2021-та година беше прогласена за милијардерка од Forbes.
Според достапните информации околу 500.000 долари од нејзините приходи на годишно ниво одат за обезбедување. Инаку, Ријана е во пријателски односи со нејзините телохранители и во неколку наврати е забележана како некој од нив ја носи на грб.