Никол Шерцингер (43) и нејзиното 7 години помладо момче се најзгодниот пар на плажа во Дубаи – тела како со Фотошоп (фото)
- Детали
- петок, 24 декември 2021
Никол Шерцингер и нејзиното момче по шести пат годинава заминаа на одмор и божиќните празници ги поминуваат во Обединетите Арапски Емирати.
Никол Шерцингер (43) и нејзиното 7 години помладо момче Том Еванс (36) повторно ги покажаа совршените тела, но овојпат на плажа во Дубаи.
Тие престојуваат во Обединетите Арапски Емирати каде таа гостуваше на форумот Global Citizen.
Тие двајцата прошетаа заедно на црвениот тепих на настанот, а остатокот од времето го искористија да уживаат и во другите убавини што ги нуди Дубаи.
Никол објави фотографии на кои може да се види дека ужива на плажа во зелено бикини со коктел.
Освен фотографиите, Никол и Том споделија и видеа како се забавуваат на плажа.
Се чини дека познатиот пар цела 2021-ва година ја помина на плажа.
Додека голем број луѓе останаа дома и избегнуваа да патуваат, Никол и Том годинава беа на неколку луксузни патувања, меѓу кои и на Хаваи, во Португалија, во Италија, во Грција.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето во Дубаи:
Б. С. Б. | Црнобело