Џанлука Ваки и Шерон Фонсека вљубени во новиот дом во Мајами – тон забави и раскош, таа посекси од кога било (фото)
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
„Сè што сакам за Божиќ си ти“, му порача Шерон на саканиот Џанлука Ваки. Таа е посекси од кога било, уживаат во новиот дом во Мајами, Ваки се врати во улогата на диџеј, а се разбира снимија и танцувачко видео оттаму.
Околу средината на ноември Шерон откри дека долго го пакувала семејството за неколкуте месеци кои ќе ги минат во новиот дом во Мајами.
Таа откри дека Мајами како дестинација навистина ѝ недостигала и дека ѝ е мило што ќе престојуваат таму извесен период.
Парот целиот период на корона карантините го мина во Италија, родната земја на Џанлука Ваки.
„Сабота навечер во Мајами. Родители излезени да се забавуваат. Навистина е толку чудно чувството по толку долго време“, напиша Шерон во описот на фотографии од едно нивно излегување, каде Џанлука Ваки се појави на бината во улога на диџеј, по долга пауза поради пандемијата, но и поради новородената ќеркичка.
И Шерон сега се активираше малку повеќе на поле кариера, па постојано присуствува на настани и промовира парчиња од нејзината модна колекција.
Во нивниот дом во Мајами накитија и новогодишна елка и снимија дури и танцувачко видео, овојпат во пижами.
Шерон вели дека Џанлука Ваки и нивната ќерка ѝ се најголемото богатство и дека по неколку седмици проблеми со спиењето во Мајами, малата Блу Јерузалема конечно се вратила на својата рутина и ужива и во пладневните дремки и во долги прошетки.
Парот сподели и прекрасни семејни фотографии на кои двајцата се дотерани за излегување.
Дел од нивната семејна идила во Мајами, плус најзаводливите изданија на Шерон:
С. С. | Црнобело