Како ќе изгледаа светските ѕвезди без корекциите и пластичните операции на лицето?
- Детали
- недела, 19 декември 2021
Иако Мадона не крие дека има направено бројни корекции на лицето и телото, нагласува дека не сака да зборува за тоа.
Додека пред деценија-две пластичните операции и корекциите како ботокс и филери беа табу-тема, денес стануваат норма.
Сè повеќе луѓе, без разлика на полот и возраста, прават вакви зафати со цел да ги коригираат карактеристиките што ги гледаат како несовршености. А, ни славните не се исклучок.
Но сте се запрашале ли како би изгледале некои од најголемите ѕвезди денес без овие корекции?
Доли Партон
Доли Партон отсекогаш била отворена за пластичните операции, па дури е и горда на нив.
„Можеби изгледам вештачко, но барем сум реална и искрена онаму каде што е важно“, има изјавено пејачката.
Можеби една од најпопуларните нејзините изјави во врска со пластичните операции е:
„Ако нешто виси или е растегнато, ќе направам липосукција или ќе го пресечам“.
Гвинет Палтроу
Актерката нема направено пластична операција, но вели дека користи филери и слични третмани за намалување брчки.
Според неа, брчките правеле да изгледа како постојано да е лута, па затоа и сакала да им ја намали видливоста.
Крис Џенер
Исто како Доли Партон, и Крис Џенер отворено зборува за корекциите на нејзиното лице кои се повеќе од очигледни.
Таа вели дека најчесто користи ботокс, филери и ласерски третмани.
Сајмон Кауел
Сајмон е помеѓу првите славни мажи кои признаа дека користат ботокс. Тој вели и дека има направено фејслифтинг.
„Мене ми е важно да имам мазна и чиста кожа. Со таква кожа сите изгледаат подобро. Сепак, сите мораме да бидеме внимателни со овие процедури“, има изјавено Сајмон.