Како ќе изгледаа светските ѕвезди без корекциите и пластичните операции на лицето?
Кајли Џенер
Наводно, Кајли почнала да се чувствува несигурно за нејзините усни откако некое момче ѝ рекло дека се многу мали.
Младата богаташка негираше дека користи филери и покрај тоа што разликата е повеќе од очигледна. Сепак, со текот на времето „попушти“ и призна.
Тајра Бенкс
За пластичните операции и козметичките корекции, Тајра изјави: „Средете ги недостатоците или покажете им ги на сите“.
Тајра самата откри дека направила корекција на носот уште на почетокот од кариерата и не крие дека користи разни третмани.
Само, смета дека јавноста нема право да ја критикува за одлуките поврзани со нејзиното тело.
Кејли Куоко
Како сите на листава, и ѕвездата од Big Bang Theory не ги крие корекциите на лицето. Актерката има направено операција на носот и на вратот.
„Колку и да се сакаме како личности, за жал, сите сакаме и да изгледаме добро“.
Мадона
Познатата пејачка не крие дека има направено корекции, но истакнува дека не сака да зборува за тоа.
„Нормално дека немам ништо против пластичните операции. Но сепак, не сакам да зборувам за тоа“.
Силвестер Сталоне
Во далечната 1992 година, актерот откри дека направил лифтинг на левата страна на лицето. Сепак, тогаш корекцијата била повеќе од здравствени отколку естетски причини.
Актерот има пареза на левата страна од лицето – состојба која има влијание врз движењето на мускулите на лицето, како и говорот.
Оттогаш Сталоне има направено уште многу корекции, но нема откриено што точно.
Спирова С. | Црнобело