Огномет, допири за задникот: Како свршеникот ѝ го слави 40-тиот роденден на Бритни Спирс?
- Детали
- четврток, 02 декември 2021
Во нападен стајлинг Бритни Спирс по повод 40-тиот роденден објави видео како се бакнува со свршеникот Сем Ашгари (27), додека тој ја допира за задникот, и повторно напиша чудна изјава за татко ѝ.
Бритни Спирс отпатува од САД по повод нејзиниот 40-ти роденден. Таа со приватен џет одлета со својот 27-годишен свршеник, кој се обидува да изгради актерска кариера.
Сем Ашгари ја изненади Бритни со торта во форма на буквата „Б“, а заедно гледаа спектакуларен огномет на тајната локација кадешто отпатуваа.
За патувањето Бритни облече куси шорцеви и високи црвени чизми, а парот се снимаше како се бакнува. Сем на едно од видеата ја допира за задникот Бритни.
На својот Инстаграм профил по повод роденденот (02.12) пејачката објави:
„Ох, денес е прекрасен ден. Јас и мојот свршеник сме толку возбудени што ќе патуваме. Како што можете да видите јас немам 360 килограми како што татко ми ме претставуваше на фотографиите. Вежбав многу и вака изгледам навистина. Господе ти благодарам што можам да ја напуштам државата. Благословена сум!’
https://www.instagram.com/p/CW9RtpLvgAW/
Потоа и Сем ѝ посвети емотивна објава на својата сакана:
„Те нарекувам Лавица затоа што ти се воодушевувам на твојата неисцрпна сила. Инспириран сум од твоето убаво срце, ја славам твојата насмевка која го осветлува мојот свет. Секој ден ти е роденден моја кралице. Среќен прв роденден на мојата сопруга.“
https://www.instagram.com/p/CW9Q2oBPrbZ/
https://www.instagram.com/p/CW9VR02rokr/
https://www.instagram.com/p/CW9VMozF-0u/
С. С. | Црнобело