„Ова е веќе срамота“ – Мадона (63) остро критикувана за експлицитните, разголени фотки на Инстаграм
- Детали
- четврток, 25 ноември 2021
Мадона (63) ги разгневи и најголемите фанови со „вулгарните“ фотки што ги сподели на Инстаграм на кои со разголено тело позира на провокативен начин.
Мадона редовно споделува провокативни фотографии на Инстаграм, но за најновата објава доби критики и од нејзините најголеми фанови.
63-годишната поп-ѕвезда некогаш добива позитивни коментари за провокативните фотографии, најмногу поради храброста и нејзината возраст, но сега речиси сите коментираат дека најновите фотографии се само вулгарни и ништо друго.
Мадона направила фотосесија во спална соба облечена во мрежести хулахопки и провокативна долна облека, а на неколку фотки ги разголила и градите.
На фотографијата што можеби предизвика најмногу реакции пејачката лежи на стомак под креветот со раширени нозе, а нејзиниот задник е во преден план.
Во описот, Мадона напишала „Ме чува ангел“, веројатно алудирајќи на малата скулптура од ангел која се наоѓа над креветот на фотките.
Дел од критиките на фановите:
„Ова веќе станува срамно“.
„Твоите деца мора да се многу горди на тебе“.
„Престани да ни го покажуваш задникот, го видовме доволно. Ова не е воопшто грациозно и нема никаква врска со твојата возраст“.
„Зошто Мадона?“
„Зарем не ти досади да позираш исто одново и одново? Ова веќе не е ни атрактивно, ни интересно, ни шокантно. Покажи ни нешто друго. Доста со ужасните импланти на задникот“.
„Мадона, ти се јавувам од минатиот век. Престани. Пензионирај се како кралицата што си. Јас сум на иста возраст како тебе и изгледаш смешно и твоето лице очигледно повеќе не е твое. Имаш деца! Што правиш? Постигна многу и не треба да го покажеш задникот за да бидеш популарна“.
Сепак, на објавата има и неколку позитивни коментари:
„Најдобриот артист во музичката историја! Најголемата жена во музиката на сите времиња. Кралица на попот!“
„Колку прекрасно тело. Изгледаш прекрасно! Љубоморните ќе полудат“.
„Изгледаш неверојатно“.
Ова не е првпат Мадона да биде критикувана за нејзините објави. Инстаграмџиите редовно ѝ коментираат дека треба да намали со корекциите на лицето бидејќи повеќе не личи на себе, но и дека не треба да покажува толку голотија.
Пејачката редовно е критикувана и за возраста на нејзиното момче кое има 27 години, односно е 36 години помладо од неа и е речиси на иста возраст како и ќерка и Лурдес која има 25 години.