Џеј Ло – 3 бракови и 6 свршувачки: Ѕвезди кои стапиле во брак повеќе од двапати

Били Боб Торнтон

Поранешниот сопруг на Џоли има повеќе бракови и од неа.

Анџелина Џоли е петтата сопруга на Торнтон, а моментално актерот е во брак со шестата сопруга, Кони Англанд, со која ја почна врската уште пред да го официјализира разводот со Џоли.

Тие се венчаа во 2014 година, речиси цела деценија откако ја почнаа врската.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-07.JPG

Ева Лонгорија – три бракови

Лонгорија првпат стапи во брак во 2002 година со колегата Тајлер Кристофер и беа заедно околу две години.

Во 2007 година таа се венча со кошаркарот Тони Паркер, но нивниот брак заврши во 2011-та наводно поради неверствата на Паркер.

Моментално Лонгорија е во брак со третиот сопруг со кого се венча во 2016 година, а со кого има и син.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-08.JPG

Кејт Винслет – три бракови

Првиот сопруг на познатата актерка беше режисерот Џим Треплтон – беа во брак од 1998 до 2001 година.

Во 2003 година Кејт се венча со режисерот Сем Мендез, а се разведоа во 2010 година.

Сега Кејт е во брак со третиот сопруг, Едвард Ејбел Смит, со кого се венча во 2012-та.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-09.JPG

Том Круз – три бракови

Вториот и третиот брак на Том Круз се едни од најпознатите во светот на шоу-бизнисот.

Неговата втора сопруга беше Никол Кидман и бракот траеше околу една деценија – од 1990 до 2001 година.

Третиот брак беше со Кејти Холмс и ќе остане запомнет по многуте контроверзии во врска со скиентологијата – религијата на актерот. Тие се венчаа во 2006, а се разделија во 2012 година.

Актерот првпат стапи во брак во 1987 година, со актерката Мими Роџерс, а беа заедно до 1990 година.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-10.JPG

Николас Кејџ – пет бракови

Николас Кејџ првпат се венча во 1995 година со актерката Патриша Аркет. Беа заедно од 1995 до 2001 година.

Набрзо потоа тој се венча со Лиса Мери Присли, но се разделија во 2004-та. Истата година актерот си ја најде и третата сопруга, Алис Ким, а овој брак траеше подолго, односно до 2016-та.

Во 2019-та Кејџ се венча и се разведе со четвртата сопруга, а на почетокот од 2021 година најави дека се венчал со петата сопруга, Рико Шибата.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg