Џеј Ло – 3 бракови и 6 свршувачки: Ѕвезди кои стапиле во брак повеќе од двапати

Елизабет Тејлор застанала пред олтар дури осум пати, а Скарлет Јохансон и Анџелина Џоли зад себе имаат три венчавки.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-01.jpg

Нормално, штом некој брак не функционира и сопружниците не се среќни заедно, нема ништо лошо во разводот, но за нас „обичните“ луѓе е чудно да чуеме за некој што стапувал во брак и се разведувал трипати, па и повеќе.

Но, ова е најнормално за познатите актери и музичари.

Познати личности кои стапиле во брак три и повеќепати:

Елизабет Тејлор – осум бракови со седум мажи

Елизабет Тејлор можеби е лидер кога станува збор за холивудски бракови. Актерката беше во брак со седум мажи, а има направено осум свадби.

Можеби најдолг ѝ е бракот со Ричард Буртон со кого се венча двапати – еднаш во 1964-та, а потоа во 1975 година. Вториот пат, не издржаа ни една година заедно.

А, и самиот Ричард не заостанува многу зад Елизабет кога станува збор за венчавки – тој беше во брак со четири жени, а направи пет свадби (две со Елизабет).

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-02.JPG

Ким Кардашијан – 3 бракови

Првиот сопруг на Ким е Дејмон Томас со кого се венча во 2000 година. Тие се разделија четири години подоцна во 2004-та.

Потоа ријалити ѕвездата стапи во брак со кошаркарот Крис Хамфрис, а се разделија само 72 денови по свадбата.

Во 2014 година Ким се венча со Канје Вест, а разделбата ја најавија на почетокот од 2021-ва.

Моментално Ким се забавува со комичарот Пит Дејвидсон, па можно е да очекуваме уште еден брак.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-03.JPG

Скарлет Јохансон – три бракови

Првиот сопруг на Скарлет беше нејзиниот колега Рајан Рејнолдс. Парот стапи во брак во 2008 година, а се разведе во 2011-та.

Три години подоцна Скарлет стапи во брак со француски новинар и се разделија во 2017 година.

Истата година, Скарлет почна да се гледа со комичарот Колин Џост и во 2020 година стапија во брак. Во 2020-та тие добија и синче.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-04.JPG

Џенифер Лопез – три бракови и шест свршувачки

Изгледа Џеј Ло ги сака свршувачките, но е неодлучна кога треба да се направи следниот чекор.

Првиот сопруг на пејачката беше Ојани Ноа, со кого беше во брак од 1997 до 1998. Потоа стапи во брак со Крис Џад и беа заедно од 2001 до 2003 година.

По вториот брак, Џеј Ло се вери со Бен Афлек, но се разделија пред да се венчаат. Истата година, во 2004-та, пејачката се венча со Марк Ентони и овој брак траеше цела деценија.

По разводот, Џеј Ло се вери со Алекс Родригез, за во 2021-ва да се разделат, а пејачката да ѝ се врати на старата љубов – Бен Афлек. Сега, во 2022-ра, повторно е свршена со Бен. 

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-05.JPG

Анџелина Џоли – три бракови

Во периодот кога стануваше популарна, Џоли се венча со колегата Џони Ли Милер, и тоа во 1996 година. Сепак, се разделија само три години подоцна.

Можеби најконтроверзен брак на актерката беше со Били Боб Торнтон – од 2000 до 2003 година.

И, сите знаат за бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит. Парот ја почна врската во 2005-та, се венчаа во 2014-та, а едвај две години подоцна се разделија. Тие уште водат битка за старателството на нивните деца.

dzhej-lo-3-brakovi-i-7-svrshuvachki-poznati-lichnosti-koi-stapile-vo-brak-povekje-od-3-pati-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg